ПОВЕЌЕ

    Потпишана Спогодба за присоединување на Винер кон Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп

    Време зa читање: < 1 минутa

    Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје и официјално се присоедини кон Македонија oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп. Со статусните промени се прави и универзален пренос на целокупниот имот, правата и обврските.

    Со информацијата објавена на Македонска берза, Македонија осигурување ги известува акционерите и инвеститорската јавност дека Спогодбата за присоединување е потпишана денес.

    „Ве известуваме дека на ден 20.12.2023 година се потпиша Спогодба за присоединување со која Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, како Друштво што се присоединува, се присоединува кон Македонија oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, како Друштво што презема, со универзален пренос на целокупниот имот и правата и обврските на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во замена за акции издадени од Македонија oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, во согласност со позитивното законодавство. По завршување на постапката за статусни промени Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје престанува да постои без ликвидација“, се наведува во информацијата.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично