Десет винарии во земјава што минатата година имале најголеми приходи свртеле сума од 66,2 милиони евра а истите направиле добивка во износ од 4,5 милиони евра, покажува анализата на „БизнисМрежа.мк“.
Приходите и добивката на „Тиквеш“ недостижни за другите винарии
Во винскиот подрум на кавадаречката винаријата „Тиквеш“ кој се простира на 1.500 квадратни метри и каде има 670 француски дабови буриња се прават најголемите приходи и добивки во овој бизнис во земјава.
Минатата година, исто како и во 2018 година винаријата „Тиквеш“ ги има направено најголемите приходи и добивки. Односно, дури 43,7 отсто од приходите што ги прават десетте најголеми винарии отпаѓа на приходи направени во оваа кавадаречка винарска визба.
Со производство од сопствените лозови насади на 1000 хектари и уште 5000 хектари контролирани насади лани винаријата „Тиквеш“ свртела сума од 29 милиони евра а направени се приходи од 2,7 милиони евра. Минатата година, оваа винарија ги зголемилла приходите за 9,5 отсто во споредба со претходната година, додека добивката е намалена за 2,5 отсто.
Во оваа винарија минатата година работеле 198 луѓе, со што таа е најголемиот работадавач во овој бизнис а добивката по вработен изнесувала нешто повеќе од 13.600 евра.
Винаријата „Риго импекс“ од Скопје, лани го има вториот најголем приход во овој бизнис, но сепак е далеку за приходите на „Тиквеш“. Односно, минатата година оваа винарија има приходи од 6,1 милиони евра и добивка во износ од 445.900 евра. Компанијата, лани бележи драстичен скок на добивката, што споредено со претходната година е зголемена за 480 отсто, а раст има и кај приходите за 19,5 отсто. Во оваа компанија има 71 вработен.
Трет најголем приход во винскиот бизнис има винаријата „Стоби“. „Млади по години, искусни по знаење“, вака за себе велат од оваа винарија, дополннувајќи дека винаријата Стоби е нјмодерно конципирана македонска винарија, лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби по што го добива и своето име. Оваа винарија е од групата на среден бизнис. Лани има приходи од 5,7 милиони евра, и истите се зголемени за 14,4 отсто во споредба со претходната година, додека во последните две години оваа винарија во која работат 44 луѓе не прикажува добивка.
„Визба – Валандово“, е втор најголем работдавач во овој бизнис. Односно таму лани работеле 119 луѓе. Приходите на оваа валандовска визба што е од средниот бизнис минатата година достигнале 5,6 милиони евра и бележат раст од 25,5 отсто во споредба со претходната година. Додека пак добивката минатата година изнесува 438.500 евра и во однос на претходната година е зголемена за 10,9 отсто.
Во штипските винарски визби „Имако Вино Ексклузив“ лани се свртела сума од 5,1 милиони евра а во „Имако Вино“ 3,6 милиони евра. При тоа, првата има добивка од 403.100 евра а втората има добивка од 40.900 евра.
Винарската визба од Росоман „Милев ГД Тиквеш“ лани има приходи од 3,2 милиони евра и добивка во износ од 244.400 евра а во неа работат 24 луѓе.
Штипската „Езимит“ лани има приходи од 3 милиони евра и добивка од 96 илјади евра а во оваа винарија има 32 вработени.
Винаријата „Мовино“ има приходи од 2,2 милиони евра а направила добивка од 17 илјади евра.
Неготинската „Бовин“ лани има приходи од 2 милиони евра и добивка од 140 илјади евра. Добивката на оваа винрија лани бележи ппад од 61 отсто во споредба со претходната година. Во оваа винарска визба лани работеле 50 луѓе.
Од оваа винарија за себе велат дека се прва приватна винарија а од нивниот подрум доаѓаат н најскапите вина. Но, се почнало како мала игра на судбината во која се нашле двајцата браќа, Кирил и Ѓорѓи Богевски.
„Околу нас цел живот имаше лозја, јас сум роден во Кралскиот подрум Демир Капија, така што тоа е судбина. Сакаме вино откако знаеме за себе, и дома правевме по тон или два за пријателите затоа што беше дозволено да се продава. Кога почнавме да го градиме Бовин, многумина се сомневаа дека ќе опстане, затоа што покрај нас е Тиквеш со 55 милиони литри, Поварадие со 30 милиони, или скоро 100 милиони литри во опкружувањето. Но, размислував како економист, нема смисла да работат бизнис за две марки, но за десет има. Така нашето вино во старт беше пет шест пати поскапо од она на Тиквеш. Нивното Тга за југ 2 марки, а нашето 10. Тоа ги охрабри и другите и така се создаде винската цена во Македонија“- изјави пред неколку години за медиумите Кирил, постариот од двајцата браќа.
„Далвина“ од Босилово има приходи од 2 милиони евра во текот на минатата година, но ја има четвртата најголема добивка во овој бизнис која изнесува 418 .000 евра. Во оваа винарија минатогодишните приходи се намалени за 15,6 отсто во споредба со претходната година додека добивката е зголемена за 25 отсто. Во винаријата лани имало 32 ца вработени.
Винаријата „Лепово“, од Скопје што е од групата на мал бизис лани има приходи од 311.500 евра и добивка во износ од 52.700 евра. Во оваа винарија минатата година споредено со претходната приходите се зголемени за 339 отсто а добивката за 739 отсто. Во винаријата работат 9 луѓе.
Извор на податоци: „БизнисМрежа.Мк“.
Анализа на податоци: Таргет Груп