ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје доби дозвола 4 од Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување-МАПАС за основање на друштво за управување со пензиски фондови. На Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, МАПАС му издаде и условно одобрение за управување со доброволен пензиски фонд.
Со ова ВФП Фонд Менаџмент внесува конкуренција во развојот на пензискиот систем.
„ВФП Фонд менаџмент веќе седум и пол години е етаблиран на пазарот. Друштвото управува со 93 милиони евра и е најголем акциски фонд со 38 милиони евра. Сметавме дека имаме доволно инфраструктурен и кадровски потенцијал и затоа се одлучивме да се развиваме во доброволните пензиски фондови. Во Македонија има сериозен потенцијал граѓаните да вложуваат во доброволните пензиски фондови што ќе им овозможи дополнителен пензиски приход. Како што растат платите ќе може граѓаните да одвојуваат и за приватни пензии, а и фирмите кои сакаат да покажат лојалност кон вработените бидејќи како што гледаме се потешко се наоѓа соодветен работник, ќе може да им уплаќаат во доброволен пензиски фонд, вели главниот извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент, Петар Андреевски.
Инаку, ВФП Фонд Менаџмент има 33 проценти пазарно учество, располага со 93 милиони евра и има 6200 инвеститори.