Претприемништвото претставува иновирање, финансирање и реализирање на бизнис идеи, со цел поекономично произведување економски добра.
Кои се советите за оние коишто сакаат да започнат бизнис и да станат претприемачи? Од каде да почнат и што никако да не направат? Разговара Наташа Велковска во четвртата епизода на поткастот New Biz со Данчо Димков.
„Јас зборувам секој ден со различни претприемачи, дали како инвеститор, дали како ментор на различни програми, дали како предавач и мислам дека клучното што сите го избегнуваат е колку си страстен во создавањето бизнис. Познавам луѓе коишто желба им било да имааат фризерско студио, и ја основале со огромен етузијазам и се премногу успешни во својот бизнис, бидејќи уживаат во тоа што го работат. Но, познавам и многу ИТ-луѓе коишто отишле во ИТ-светот поради платата, ама бидејќи не ги интересира многу оваа област, не успеале. И сфатив дека кога си страствен за нешто и навистина сакаш да го работиш, учиш, истражуваш, тогаш стануваш сѐ подобар и подобар. И страста ја поврзувам директно со препреките, кој и да започне бизнис ќе наиде на препреки. Разликата е тоа што – тие што се страстени за тоа што го работат при првата препрека ќе се залагаат да ја надминат, па потоа ќе наидат на друга препрека. Но, штом си страстен за идејата, наоѓаш начин како да ги надминеш тие препреки. Доколку не си, тогаш наоѓаш начин дека некој друг е крив што не си успеал и се откажуваш“, раскажува Димков.
Страст не се купува, страст не се учи. Но, ако еден човек ја има страста – што е тоа од вештини што може да се научи, што е тоа што е безвременско.
„Mindset-начинот на размислување е најбитната работа, иако звучи клише. Најголема грешка е кога сакаш да почнеш, ама сакаш да почнеш на „голема врата“ со 100.000 евра. Меѓутоа од друга страна претприемачите треба да размислуваат на фитбек од пазарот. Значи имаш идеја, треба да започнеш да ја валидираш. Има различни програми во Македонија каде што може да се види дали има смисла да се валидира таа идеја или не. Многу претприемачи не почнуваат од проблем на пазарот и од тука да се создаде решение, туку веруваат дека им е добра идејата што ја смислиле, и почнуваат да ја туркаат таа идеја. Тука има една анегдота, при валидација на пазарот секогаш викаме дека „Мојата баба секогаш смета дека мојот цртеж е најубав“ – ама тоа е така затоа што таа е баба ти. Па од тука поттикнува тоа дека кога имаме идеја ги прашуваме пријатели, а тие сите ќе ја пофалат идејата и ќе нѐ „потапкаат по рамо“, нагласува Димков.
Тој вели дека за да биде успешна идејата, надлежните во консалтингот ја смениле таа валидација во тоа колку луѓето се спремни да ја „поминат картичката“ односно да го купат производот/услугата и само тие валидации се важни, а не со зборови да се истакне дали е добра идејата или не.
„Така што доколку имаш некаква идеја за бизнис, правиш некој минимум прототип, нудиш на некого што мисли дека идејата е фантастична и велиш дека имаш preorder 50 евра – 50 отсто попуст, дали би го купил. И тука доаѓа до израз реалниот фидбек: „Да, ми се допаѓа идејата“ наспроти „Ми се допаѓа и веднаш би го купил ова што го нудиш како услуга“, тие се потенцијален пазар и тие треба да ги слушаме“, истакнува Димков.
На прашањата дали се забележуваат некои посебни навики кај оние што успеале и што е тоа што што секој треба да го примени за да се остане up to date во ваков променлив бизнис свет, Димков вели дека нема една формула која е успешна, затоа што ако има сите до сега ќе ја применеа и сите ќе беа милионери.
„На пример, јас станува во 5 часот наутро и од 5 до 7 часот ми е период каде што ги завршувам стратегиските работи. И ако ги завршам во тие неколку часа и потоа ништо да не направам знам дека сум си ја остварил целта. Сметам дека е подобро да се почне брзо со бизнис идејата и да се реализира, па и да се згреши – ќе се корегира, отколку 12 месеци да се теоретизира. И мислам дека сите оние што почнале со прв бизнис и не успеале, во вториот се попаметни десет пати повеќе и со подобар начин на размислување, бидејќи веќе имаат некоја основа, отколку другите коишто размислувале 12 месеци за бизнис и потоа почнале, тие што учат од грешките се секогаш во предност бидејќи е полесно од искуство да се учи отколку од книга“, укажува Димков.
Во време на експанзија на вештачката интелигенција особено во последните две години, постојано излегуваат нови технологии, колку сето ова е позитивно.
„Јас сум многу протехнологија, минатиот месец бев во Арменија каде што бев спикер на „AI in leadership“, и имав истражување каде видовме дека што вештачката интелигенција може да се користи за вработените, да се зголеми нивната продуктивноста. Малку повисоко ниво на AI е каде што имаме AI вработени – со луѓе вработени, и како лидерството треба да одржи баланс меѓу нив. И крајниот стадиум е AI да го преземе лидерството и тоа беше како хипотетички модел, меѓутоа видовме дека во Полска има компанија којашто AI е CEO. А има исто вакви компании и во Кина и во Америка. Тоа значи дека има можности за компаниите. Постоечките фирми со помош на AI автоматизација да си ги подобрат своите процеси. Да си ги намалат високите трошоци, да најдат пристап до нови пазари коишто претходно не можеле да ги освојат“, раскажува Димков.
Тој вели дека за претприемачите се создаваат сосема нови бизнис модели коишто претходно не постоеле, пред AI автоматизација, каде што сега имаме сосема нови претприемачи кои што се појавија многу нови бизниси кои работат базирани на AI. Има многу нови можности и се создаваат многу сервисни индустрии.
Светот оди многу напред и ние мораме да „трчаме“ да фатиме некаков приклучок, колку сме како држава, но и како луѓе и како економија подготвени за чекор подалеку.
„Далеку сме многу, ама да не стереотипизирам има компании кои се во првите линии на најновите технологии. Меѓутоа во просек сме многу назад. Но дали сето тоа е добро или лошо, тука почнува дебатата, затоа што ако сме многу назад, тука на Балканот има многу можности и тие можности веќе ги нема во високо развиените земји. На Балканот допрва ќе се работи на дигитлизација. Балканот е секако многу назад, но тоа сѐ што е назад јас го гледам како фантастични можности за постоечки компании за претприемачи – дали да почнат со нови услуги, дали да почнат со нови бизнис модели, со цел да се надмине сѐ и да се дојде до дигитална трансформација“, укажува Димков.
Целата епизода и слични на оваа се достапни на New Biz Podcast