УНИБанка ги известува своите клиенти дека сите експозитури на Банката ќе работат со скратено работно време, од понеделник до петок од 08:00 часот до 12:00 часот, додека во сабота експозитурите нема да работат.
Централата на Банката ќе работи со скратено работно време, од понеделник до петок од 08:00 часот до 12:00 часот, додека во сабота нема да работи.
Сите клиенти кои што ќе бидат во редот пред експозитурите до 12:00 часот ќе бидат услужени од страна на вработените без разлика за потребното време за завршување на нивните потреби.
Поради намалените капацитети во овој период, им се препорачува на клиентите да ги користат електронските услуги за вршење на потребните банкарски операции, односно апликацијата за електронско банкарство e-unibanka.mk и мобилното банкарство MyUnibank, како и мрежата на банкомати низ државата.
Потребните информации за сите понуди и услуги на УНИБанка се достапни преку веб-страницата на Банката, и Контакт центарот на ☎️ 02/ 3286 100 и 02/ 3111 111.