ПОВЕЌЕ

    УНИБанка ќе исплати полугодишна камата за перпетуалните обврзници

    Време зa читање: < 1 минутa

    Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO.

    Исплатата на камата ќе се изврши на 22.01.2021 година.

    Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.01.2021 година.

    Тргувањето со обврзниците во деновите 20 и 21 Јануари 2021 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 183 и 184 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 22 и 25 Јануари ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 22 и 25 Јануари 2021 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично