ПОВЕЌЕ

    УНИ банка: На 25 април исплата на полугодишната камата за перпетуалните обврзници

    Време зa читање: 2 минути

    На 25 месецов сопствениците на перпетуални обврзници од третата емисија на УНИ банка ќе ја добијат полугодишната камата. Износите ќе бидат пресметани по стапка од шест проценти на годишно ниво. Тоа се однесува на овој вид обврзници со ИСИН MKBLBA200037 и шифра UNIPO3.

    Од УНИ банка информираат дека право на исплата имаат лицата, заклучно со 23 април регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност.

    „Тргувањето со обврзниците во деновите 22 и 23 април 2024 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 182 и 183 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 25 и 26 април ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 25 и 26 април 2024 година, соодветно,  и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата“, наведени е во соопштението од УНИ банка.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично