ПОВЕЌЕ

    Турција загуби 4,8 милијарди долари резерви за само седум дена, инфлацијата расте неконтролирано

    Време зa читање: 3 минути

    Турција доживеала најголема загуба во девизните резерви од почетокот на оваа година, која загуби 4,8 милијарди американски долари за само една недела. Ова се смета за голем удар врз обидот да се зачува вредноста на домашната валута.

    Вкупните резерви на Турција, вклучувајќи ги и резервите на злато, се најниски во последните десет месеци, изнесуваат 61,2 милијарди долари. Дури и кога турските државни банки повремено интервенираат на девизните пазари, лирата е овогодишниот најлош учинок на пазарите во развој во однос на доларот со загуба од над 16%. Во позадина на падот стои силната побарувачка за зелена банкнота од турските корпорации, кои се обидуваат да се изолираат од инфлацијата поттикната од минатите епизоди на депрецијација на валутата и растот на глобалните цени на суровините.

    Државните банки не коментираат за нивните валутни интервенции, но поранешен гувернер на централната банка изјави во 2020 година дека заемодавците во државна сопственост вршат трансакции во согласност со регулаторните лимити и можеби ќе продолжат да бидат активни на девизниот пазар.

    Неделниот пад беше „шокантен“ и знак дека Турција „неуспешно се потпира на ветрот“, рече Кристијан Маџо, шеф за стратегија за портфолио во TD Securities во Лондон, во белешка до клиентите.

    Падот на резервите претставува клучен извор на ранливост за Турција. Во периодот од 2019 и 2020 година, претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција потрошила 165 милијарди долари обидувајќи се да ја стабилизира лирата, политика која во голема мера резултираше со контраефект и на крајот ја принуди централната банка да ги зголеми каматните стапки.

    ИНФЛАЦИЈАТА СКОКА, СТАТИСТИЧАРИТЕ ПОД ПРИТИСОК

    Инфлацијата на потрошувачките цени во Турција се искачи на годишно ниво од 70 отсто, што е највисоко ниво во последните две децении, откако централната банка ги намали каматните стапки кон крајот на минатата година, иако растот на цените забрза. Инфлацијата на цените на производителите скокна на 121,8 отсто, што е највисоко ниво од 1990-тите.

    Турски функционер задолжен за пресметување на инфлацијата поднесе оставка од функцијата поради лошо здравје, објави во петокот весникот Созку (Sözcü).
    Џем Баш го предводеше одделот за инфлација на Турскиот статистички институт (TÜİK). Тој, според весникот, по оставката ќе работи како експерт во истиот оддел.

    Вистинската причина што Баш се повлече од функцијата беше тоа што тој беше сериозно вознемирен од притисокот што се вршеше врз него додека ја извршуваше својата работа како шеф на одделот, објави Созку, без да каже од каде ги добила информациите.

    Турските медиуми потсетуваат и дека турската Влада сменила пет шефови на TÜİK од 2016 година и голем број високи функционери на организацијата, многумина со претседателски декрет. Отказите предизвикале загриженост кај некои аналитичари и странски инвеститори за независноста на институцијата од политиката и веродостојноста на податоците.

    ENAGGroup, независен колектив на турски академици кои почнаа да ја пресметуваат инфлацијата во Турција, објавија дека потрошувачките цени се зголемиле за 156,9 отсто годишно во април. TÜİK побара судски налози за да го спречи ENAG да ги пријави бројките велејќи дека тоа ја поткопува довербата во официјалните податоци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично