ТТК Банка ги известува своите ценете клиенти дека почнувајќи од 29-ти март 2021 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец март на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.
Oд 29.3.2021 г. (понеделник) корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата, безготовински – преку мрежата на банкомати или за плаќања во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури во четири групи според висината на пензијата и тоа:
- до 11.000 денари на 29.3.2021 г. (понеделник)
- од 11.001 до 14.000 денари на 30.3.2021 г. (вторник)
- од 14.001 до 18.000 денари на 31.3.2021 г. (среда)
- над 18.000 денари на 1.4.2021 г. (четврток)
Со цел заштита на здравјето, апелираме средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилно банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.
Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваме дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.