ПОВЕЌЕ

    Мирко Наумовски најдобар банкарски службеник во ТТК Банка за 2020 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Доделено признание за најдобар банкарски службеник на ТТК Банка АД Скопје од страна на Македонската банкарска асоцијација!

    По повод Светскиот ден на штедењето, на 30-ти октомври, во поинакви услови заради актуелната состојба, Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити одржа свечена онлајн седница на којашто учество земаа Министерството за финансии, НБРМ, Фондот за осигурување на депозити како и претставници од банките и штедилниците членки на Асоцијацијата.

    На свечената седница се доделија 36 признанија на најдобрите банкарски службеници за изминатата година.

    ТТК Банка АД Скопје го награди успешното деловно работење, одличната соработка и професионалните достигнувања на Мирко Наумовски – Самосотен референт на благајна во Филијала Тетово.

    Честитки и многу успех во понатамошното работење!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично