Во периодот од од 01.01.2020 до 30.06.2020 година, ТТК Банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 30,5 милиони денари.
Последиците од ширењето на вирусот COVID-19 стануваат сè повидливи и се предвидува рецесија на домашната економија (пад од 3,5 % за 2020 година), поткрепена од намалената домашна и странска побарувачка. Главен ризик е дека можното пролонгирање на пандемијата, но и глобалната рецесија, ќе доведат до поголеми потешкотии при справувањето со економската криза и ублажувањето на ефектите од истата.
ТТК Банка АД Скопје и понатаму будно ќе ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и ќе го прилагодува своето работење на новонастанатите состојба и пазарните услови, со фокус кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.
Банката ќе ги презема сите неопходни активности за одржување на квалитетот на портфолиото, развој на понудата на производи и изнаоѓање флексибилни решенија приспособени на потребите на клиентите – правни и физички лица кои ќе бидат најзасегнати од COVID-19 кризата.
Со цел креирање одржливи и ефикасни процеси и реализација на планираниот обем на активности во согласност со Деловната политика, во услови кога е неопходно минимум присуство во банките, Банката ќе продолжи да работи на дигитализација на процесите и надградба на производите и услугите достапни преку дигиталните канали (електронско и мобилно банкарство).