ПОВЕЌЕ

    TTK Банка ја исплати четвртата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија

    Време зa читање: < 1 минутa

    ТТК Банка АД Скопје на 14.2.2024 година ја исплати четвртата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија со ISIN MKTTKS200020 и шифра TTKO2. Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – втора емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.2.2024 година.

    Во февруари 2020 година ТТК Банка АД Скопје ја издаде втората емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100 % од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра, и фиксна каматна стапка од 2,7 % на годишно ниво

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично