ПОВЕЌЕ

    Трошоците растат, јуни може да се „врзе“ со 60.325 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Минималната кошничка бележи нов месечен напредок – во споредба со мај, поскапа е за 235 денари. Во јуни за живот се потребни 60.325 денари. Математиката е направена врз база на најосновните потреби што ги има просечно четиричлено семејство, кое живее во сопствен дом. Во спротивно, ако опцијата е изнајмен стан од 60 квадрати, тогаш вкупните месечни трошоци се повисоки за дополнителни 15.375 денари, пресметале во Сојузот на синдикатите на Македонија.

    Најголемата тежина во кошничката доаѓа од храната и пијалаците. Тие зафаќаат високи 36,4 проценти, или 21.952 денари, колку што се потребни во јуни.

    Понатаму, за облека и обувки мора да се издвојат 4.962 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење – 6.014 денари, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 1.827 денари, за здравје 1.069 денари и за транспорт 4.871 денар.

    Неопходните давачки продолжуваат со 3.240 денари за комуникација, за рекреација и култура 4.378 денари, за образование 7.022 денари, за ресторани и хотели 3.890 денари, а за останати стоки и услуги уште 1.100 денари.

    Од почетокот на годинава, кога минималата синдикална кошница стартуваше со 57.163 денари, се бележи зголемување за 3.162 денари, иако потребите на просечното четиричлено семејство се исти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично