Трговската размена меѓу Русија и Кина во периодот од јануари до октомври 2024 година е зголемена за 2,8 отсто на годишно ниво, на 202,2 милијарди долари, соопшти денеска Генералната управа на царината на Кина. Извозот од Русија во Кина во наведениот период е зголемен за 1,1 отсто, на 108,07 милијарди долари, додека испораките од Кина во Русија се зголемени за 4,7 отсто, на 94,14 милијарди долари.
Во октомври трговскиот промет меѓу двете земји изнесува 21,8 милијарди долари, бидејќи вредноста на извозот од Русија е 10,7 милијарди долари, а вредноста на испораките од Кина е 11 милијарди долари.
Трговскиот промет меѓу Русија и Кина се зголеми за 29,3 отсто на годишно ниво во 2022 година, на 190 милијарди долари, а во 2023 година дополнително скокна за 26,3 отсто на рекордни 240,11 милијарди долари.
Русија извезува во Кина првенствено енергетски производи како нафта, гас и јаглен, како и метали, дрво, морска храна и земјоделски производи. Кина во Русија извезува најмногу автомобили, компјутери, паметни телефони, играчки и чевли, пренесува Комерсант, пренесува RT Balkan.