ПОВЕЌЕ

    Милијардерот кој им дава удел на работниците во компанијата

    Време зa читање: 1 минутa

    Тревор Милтон, основач и претседател на корпорацијата Никола“, која произведува електрични камиони, реши да донира 6 милиони од сопствените акции на работниците. Акциите ќе бидат доделени на 50 работници кои први започнаа да работат за оваа компанија.

    Кога ја започнав оваа компанија, ги барав најдобрите работници во светот и тоа беше огромен ризик. Веројатноста дека некогаш ќе успеевме беше речиси нула. За среќа, најдов неверојатна група која започна со мене од првиот ден – рече Милтон во видеото објавено на Инстаграм.

    Акциите на компанијата со седиште во Феникс, кој тој одлучи да ги донира, во моментов вредат околу 233 милиони долари.

    Вредноста на компанијата се зголеми откако „Никола“ започна со тргување на „Насдак“, стимулиран од апетитот на инвеститорите за производителите на електрични возила.

    Милтон (37), претприемач кој се откажа од средно училиште, користеше социјални медиуми за промовирање на компанијата. Многумина го споредуваат со Елон Маск, петиот најбогат човек во светот.

    Богатството на Милтон сега се проценува на 4,6 милијарди долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично