ПОВЕЌЕ

    Непријателскиот став на Трамп кон дигиталниот данок би можел да ја обедини Европа во негово спроведување

    Време зa читање: 3 минути

    Оданочувањето на технолошките гиганти веќе долго време ги дели ставовите на светските политичари, но несогласувањата со американскиот претседател Доналд Трамп би можеле да ја предизвикаат Европа да ги засили даноците врз компаниите како Гугл и Фејсбук.

    Франција, Австрија и Италија се помеѓу европските земји што имаат наметнато даноци на технолошки компании на национално ниво, но земјите членки на Европската унија неможат да се согласат за заедничка такса.

    Унијата не успеа да постигне консензус во март 2019 година, кога четири земји членки ставија вето на договорот за заеднички данок. Тогаш Ирска, Шведска, Данска и Финска се изјасниа дека треба да има поширока дебата со земји кои се надвор од Европа на темата дигитален данок, пред ЕУ да го имплементира овој данок.

    Сепак, критиките од Соединетите држави би можеле да ги натераат европските земји да создадат дигитален данок ширум ЕУ, изјави Пол Танг, холандски пратеник во Европскиот парламент.

    „Трамп најверојатно ќе ја обедини Европа на оваа тема“, рече Танг. „Ние веќе сме во ситуација кога трансатлантскиот однос е нестабилен“.

    По пристигнувањето на Трамп во Овалната канцеларија ЕУ и Соединетите држави имаа спротиставени ставови околу трговијата, одбраната, надворешната политика и на многу други теми.

    „Оданочувањето нема да ја олесни оваа ситуација“, додаде Танг пратеник во Европскиот парламент, посочувајќи дека ЕУ нема многу да изгуби со спроведувањето на дигиталниот данок, дури и ако Трамп се спротивстави на тоа, со оглед на моменталниот однос помеѓу двете страни.

    Неодамна, Трамп ги нападна европските влади кои сакаа да наметнат повисоки давачки на технолошките гиганти. Исто така, Трамп во 2019 година изјави дека дигиталниот данок на Франција е глупав и „големите американски технолошки компании“ треба да се оданочуваат во нивната земја.

    Трамп започна трговски спор со Франција и вети дека ќе го стори истото со другите европски земји, доколку тие ги оданочат повеќе американските технолошки фирми. Трговскиот спор е ставен во мирување додека се одвива меѓународната дебата за дигиталниот данок во ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој).

    „Во Европа има зголемена свест дека треба самостојно да дејствуваме, а Трамп само помага во целиот процес за самодејствување“, рече Танг. „Ова не е само во областа на трговијата и оданочувањето, ова е многу поголемо од тоа“.

    Ако нема договор во ОЕЦД до крајот на годината, технолошките гиганти ќе мораат да плаќаат повисоки давачки во некои европски земји, вклучително и во Франција, Обединетото Кралство и Италија. Во меѓувреме, Европската комисија – извршната рака на ЕУ изјави дека ќе се обиде да создаде заеднички дигитален данок на ниво на цела ЕУ доколку не се склучи договор во ОЕЦД.

    Џереми Гез, професор во Х.Е.Ц Париз објасни – дигиталниот данок е добар начин за да се направи пазарот поправичен меѓу технолошките гиганти и потрадиционалните и помалите бизниси.

    “Дигиталниот данок е начин за да се поправи економската ситуација, бидејќи во спротивно ќе се појави двобрзинска економија која само ќе им помогне на технолошките гиганти за поголема моќ и доминација а традиционалните бизниси ќе бидат носителите на сите досегашни даноци.”-додаде Џереми.

    И покрај жестокото спротивставување на Трамп, Гез додаде дека САД може во иднина да го променат својот пристап кон дигиталното оданочување.

    Голем дел од граѓаните на САД ќе го разберат овој став, што всушност значи дека мора да се ревидира ставот за да им се помогне на традиционалните бизниси подобро да се адаптираат, а не да се дава целосна моќ на една индустрија над другите.

    Извор: CNBC

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично