Се дружевме, го јакневме тимскиот дух, совладувавме предизвици и изнаоѓавме нови решенија. Оваа есен дел од тимот на Комерцијална банка имаше навистина интересна агенда и тоа не само на работното место.
Канцеларијата ја заменивме со работилници за „тим билдинг“ и со обуки за подобрување и стекнување нови вештини.
Над 300 вработени уживаа во убавините на Охрид, Струга и Крушево и градеа уште посилен тимски дух преку интерактивни игри, дружење и забава. Дополнително, над 400 вработени на Банката ги унапредија своето знаење и вештини за управување со промени, комуникација со колеги и клиенти, продажба и управување со процесите на работа преку серија обуки организирани од докажани стручни лица во овие области.
Вработените се најважниот ресурс на Банката, кои ги креираат производите и услугите и секојдневно придонесуваат за ефикасни финансиски трансакции на сите клиенти, велат од Комерцијална банка.
Ценејќи го нивниот труд и придонес, Банката во континуитет вложува во кариерниот развој и задоволството на сите нејзини вработени.