ПОВЕЌЕ

    ТИК ТОК, ПОПУЛАРЕН, ОМРАЗЕН, ЗАБРАНУВАН: Колку се реални барањата за негова забрана по масакрите во Србија?

    Време зa читање: 6 минути

    По масакрот во белградски Врачар, кога тринаесетгодишниот К.К. уби осум ученици и еден чувар, во Србија беше покрената петиција за укинување на социјалната мрежа Тикток, за која многумина сметаат дека има „вознемирувачка“ содржина, посебно откако по злосторот многу корисници му изразија поддршка и воодушевување на масовниот убиец. Поддржувачите на иницијативата бараат да запре ваквата „болна промоција“ на Тик Ток на ова зло“, пишува на Фејсбук страницата која се залага за укинување на социјалната мрежа ТикТок.

    ЌЕ ГО ЗАБРАНИ ЛИ СРБИЈА ТИКТОК?

    Во денешно време сите социјални мрежи, не само Тик Ток, често се користат за промовирање на несоодветни содржини, а нивната корисна страна е помалку видлива. Податоците зборуваат дека Тикток, со преку една милијарда корисници не е најпопуларната социјалнат мрежа на глобално ниво, бидејќи се уште ја надминуваат Фејсбук со близу 3 милијарди (2,96), Јутјуб со 2,2 и Воцап со две милијарди корисници.

    По двата масакри, српските владини претставници и експертите се согласуваат дека социјалните медиуми имаат негативно влијание врз децата и придонесуваат за слаб развој. Министерството за внатрешни работи ги повикува родителите да ја следат содржината на нивните деца на социјалните мрежи, со кого комуницираат и кога го прават тоа.

    Саша Живановиќ, експерт за високотехнолошки криминал, за „Пулс на Србија“, изјави: “Тикток е една од најпопуларните апликации кај децата од таа помала возраст, т.н. „зед“ генерација. Србија има над 2 ипол милиони корисници на Тикток. Самиот Тикток ја користи таа вештачка интелигенција за да пласира содржина што ве интересира врз основа на вашиот интерес. Она што е многу опасно на Тикток се предизвиците кои се објавуваат преку оваа социјална мрежа. Во светот има многу смртни случаи поради вакви предизвици“,  истакна Живановиќ.

    Српскиот експерт вели дека е технички можна забраната на Тикток, кој според него е најопасната социјална мрежа, но не 100 проценти. Тој потсети дека Тикток содржи и алгоритми кои препознаваат насилство, дигитално насилство и некои екстремни сцени.  Никој не може точно да каже колкав е бројот и количината на материјалот што го има во Тикток, бидејќи таа бројка се менува од секунда во секунда – рече Живановиќ и додаде: Многу земји го направија тоа, не само Кина.

    Во анкета спроведена деновиве од B92.net со прашање „Дали сте за затворање на TikTok?“,од вкупно 14.151 гласови, дури 12.026 гласале за опцијата „Да, TikTok негативно влијае на нашата младина“. додека 1.970 лица одговорија негативно.

    Дали оваа популарна социјална мрежа ќе биде забранета, засега останува недефинирано. Српскиот претседател Александар Вучиќ најави одредени мерки со цел децата, како што кажа „да бидат заштитени од лошите влијанија на содржините кои можат да се најдат на социјалните мрежи, како што се Јутјуб и Тикток“, но не кажа какви мерки ќе се превземат.

    АЛГОРИТМИ ШТО СУГЕРИРААТ ДЕВИЈАНТНО ОДНЕСУВАЊЕ

    Во своето неодамнешно истражување, Американската Психолошката асоцијација (АПА) го забележа придонесувачка улога на платформите за социјални медиуми како TikTok, Instagram и Snapchat во широко распространетата ментална здравствена криза на младата популација, посочувајќи дека развојната фаза на деца, чиј мозок е насочен да бара
    внимание и одобрување од нивните врсници, нив ги прави особено ранливи на притисоците на социјалните медиуми, се посетува во истражувањето на меѓународната асоцијација за корпоративна одговорност, ЕКО. Претходно годинава американското здравствено регулаторно тело ги издвои и платформите за социјалните медиуми за
    нивните негативни влијанија врз децата.

    ЕКО наведува дека Тикток платформата има многу прецизни алгоритми во
    следење на дејствата, кликовите и движењата на корисниците, вклучувајќи фактори како лајкови, коментари и време поминал гледајќи содржина за да го калибрира својот алгоритам и да им сугерира содржина на корисниците преку опцијата За Вас.

    Според објавените документи на компанијата, „Крајната цел“ на алгоритмот е да се оптимизира „задржување“ (корисник што се враќа) и „потрошено време“. Истражувањето, исто така,  открива дека додека младите девојки се бомбардирани од содржина поттикнати од бизнис модел кој промовира опасна и нездрава слика за телото и со тоа влијае на психички пореметувања и пореметувања во исхраната кај младите девојки, млади момчиња се удавени од високо мизогини и честопати насилни содржини, кои промовираат и популаризираат насилно однесување.

    ТИКТОК ЗАБРАНЕТ ВО МНОГУ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ

    Сè повеќе земји ја ограничуваат содржината дозволена на нивната територија или ја забрануваат апликацијата, иако, кај голем дел од нив како главна причина доминира загриженоста од можни облици на шпиунирање во полза на Кина, земјата од која потекнува Тикток, односно можно странско влијание, а помалку онаа за промовирање на насилство. Ова се земјите кои воведоа делумни или целосни забрани за TikTok: Авганистан (целосна забрана), Австралија (делумна забрана), Белгија (делумна забрана), Канада (делумна забрана), Данска (делумна забрана), Франција (делумна забрана), Индија (целосна забрана), Латвија (делумна забрана), Холандија (делумна забрана), Нов Зеланд (делумна забрана), Норвешка (делумна забрана), Пакистан (целосна забрана), Тајван (делумна забрана), Велика Британија (делумна забрана), САД (делумна забрана).

    Монтана стана првата американска држава што ја забрани видео апликацијата TikTok во кинеска сопственост, тврдејќи дека е закана за националната безбедност.  Апликацијата за социјални медиуми беше забранета од телефоните на владата на Велика Британија и Велс.

    Слични забрани за апликацијата во кинеска сопственост има и во владите на САД и Канада и Европската комисија. Еден од врвните технолошки регулатори во Соединетите држави вели дека е само „прашање на време“ додека TikTok целосно не биде забранет во земјата поради „многу сериозната“ закана за националната безбедност што ја претставува апликацијата.

    Јордан минатиот месец воведе „привремена забрана“ на платформата за социјалните медиуми ТикТок, еден ден откако еден полицаец беше убиен за време на протести, кога видеа од штрајкот и протестите го преплавија ТикТок.

    МАСИТ: МЕСТО УКИНУВАЊЕ, МРЕЖИТЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ЗА ЕДУКАТИВНИ ЦЕЛИ

    Контроверзите околу Тикток и потребата тој да се ограничи или укине, се прелејаа и во Македонија по настаните во Србија. „Еден забранет медиум лесно ќе се замени со друг, наместо укинување, социјалните мрежи да се насочат во едукативни цели“. Ваков е ставот на домашната МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии во врска со иницијативата за евентуално органичување на употребата на социјалната мрежа ТикТок, прашање кое деновиве се наметна во јавноста поради тезата дека оваа платформа има негативно влијание врз младите

    За решавање на проблемот, додаваат оттаму, треба да се фокусираме на вистинската причина за негово решавање, а фокусот, како што велат од МАСИТ, треба да се стави на поголема семејна и институционална грижа за правилен развој на децата за тие да можат да изградат систем на вредности и да препознаваат што е добро, а што лошо

    Средствата и каналите за комуникација, односно социјалните мрежи треба да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат. Евентуалната забрана на социјални медиуми во земјава нема да го реши проблемот – напротив – еден забранет медиум брзо и лесно ќе се замени со друг.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично