ПОВЕЌЕ

    Тесла ги надмина очекувањата, испорача повеќе од 200.000 автомобили за три месеци

    Време зa читање: < 1 минутa

    Тесла штотуку ги објави резултатите од вториот квартал оваа година кои ги надминаа очекувањата. Во периодот април-јуни, 201.250 електрични автомобили (модел Y, модел 3, модел S и модел X) беа доставени до клиентите ширум светот.

    Тоа е подобро од проекциите што се очекуваше Тесла да продаде меѓу 193,000 и 200,000 возила во изминатиот квартал.

    Претходниот рекорд беше поставен од американскиот производител во првиот квартал на 2021 година, кога испорача 184.800 електрични автомобили.

    По повод новиот најдобар резултат, Елон Маск испрати честитки до своите вработени за ова достигнување.

    Компанијата соопшти дека вкупно 199.360 примероци од моделот 3 и моделот Y се испорачани во вториот квартал, додека се продадени само 1.890 модели на S / X.

    Кога станува збор за производство на возила, од патеките во фабриката излегоа 206.421 автомобил во периодот април-јуни, пренесува Незвисне новине.

    Повторно, возилата Model 3 / Y (204.081) се убедливо најпроизведени, додека во исто време се направени значително помалку копии на Model S / X (2.340).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично