ПОВЕЌЕ

    СВЕТСКА БАНКА ПРЕДУПРЕДУВА: На Кина ѝ требаат 17 трилиони долари за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2060

    Време зa читање: 3 минути

    На Кина ѝ се потребни дополнителни инвестиции од 17 трилиони долари за зелена инфраструктура и технологија во електроенергетскиот и транспортниот сектор за да ја исполни својата цел за нето-нула емисии до 2060 година, покажа извештајот на Светската Банка.

    Втората по големина светска економија ќе има потреба од приватни инвестиции за да ја покрие огромната цена и да ги ослободи потребните иновации, се вели во извештајот, објавен во средата. Кинескиот претседател Си Џинпинг во обраќањето до Обединетите Нации во 2020 година објави дека неговата земја ефикасно би ги избалансирала емисиите на јаглерод со мерки за нивно неутрализирање пред 2060 година. Ова беше првпат најголемиот светски емитер на јаглерод диоксид да вети дека ќе го прекине својот нето придонес во климатските промени.

    Глобалното затоплување претставува значајна закана за Кина, особено за нејзините густо населени и економски критични ниско поставени крајбрежни градови, а несмалените климатски промени би можеле да го намалат нејзиното економско производство меѓу 0,5 и 2,3 отсто веќе во 2030 година, се вели во извештајот.

    „Долгорочните изгледи за раст на Кина се повеќе зависат од ребалансот на економијата од инфраструктурни инвестиции до иновации, од извоз до домашна потрошувачка и од државно до пазарно распределување на ресурсите“, вели Мануела Феро, потпретседател на Светска банка за Источна Азија и Пацификот.

    Исто така, би било невозможно да се постигнат глобалните климатски цели без Кина да премине кон економија со ниска содржина на јаглерод, се вели во извештајот, истакнувајќи дека Кина испушта 27 отсто од глобалниот јаглерод диоксид и една третина од светските стакленички гасови. „Оваа транзиција ќе бара масовна промена во ресурсите, иновациите и новите технологии за подобрување на енергетската ефикасност и продуктивноста на ресурсите“, се вели во извештајот, еден од новата серија што ја проценува климата и развојот на поединечните земји.

    Во исто време, се вели дека Кина би можела да ги искористи постоечките предности, вклучително и повисоки приноси од производството на технологии со низок јаглерод, висока стапка на домашни заштеди и лидерска позиција во зелените финансии.

    Но, се вели дека учеството на приватниот сектор е „клучно“ за да се обезбеди патот на Кина кон јаглеродна неутралност. Таа, исто така, ја нагласи потребата за попредвидлива регулаторна средина и подобар пристап до пазарите и финансиите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично