ПОВЕЌЕ

    Светот пред економска бура – инфлацијата и рестрикциите би можеле да го изедат целиот најавен раст за годинава

    Време зa читање: 5 минути

    Меѓународниот монетарен фонд ги намали прогнозите за раст на Соединетите Американски Држави, Кина и светската економија во целина, предупредувајќи на ризиците од неизвесниот тек на пандемијата, инфлацијата, прекините на снабдувањето и построгата монетарна политика во САД.

    „Глобалниот раст е прогнозиран од 4,4 отсто оваа година, 0,5 процентни поени понизок од претходно проектираниот, главно поради пониските проценки за растот за американската и кинеската економија“, вели Гита Гопинат, заменик-извршен директор на ММФ.

    Поради брзото ширење на варијантата омикрон, многу земји повторно го ограничи ја движењето и проблемот со недостигот на работна сила се влоши, а прекините во снабдувањето ја поттикнаа инфлацијата, објави ММФ во ажурираната прогноза за светската економија, објавена вчера.

    Меѓународниот Монетарен фонд очекува дека омикрон ќе влијае на економската активност во првиот квартал, но дека потоа неговото влијание ќе се намали бидејќи е поврзан со помалку тешки форми на болеста, се вели во извештајот.

    Во 2023 година, глобалниот раст треба да забави до 3,8 одсто и да биде малку посилен од очекуваното досега, посочува ММФ, истакнувајќи дека зголемената прогноза е главно „механичка поприрода и дека притисокот врз растот ќе се намали во втората половина од годината“.

    Севкупно, се предвидува дека пандемијата ќе резултира со кумулативна економска штета од 13,8 трилиони американски долари до 2024 година, во споредба со претходно проектираните 12,5 трилиони долари, напиша Гопинат.

    Проблеми во Кина и САД

    ММФ ја намали прогнозата за годинешниот раст на американската економија за 1,2 процентни поени, нагласувајќи го неуспешното усвојување наширокиот пакет социјални и климатски трошоци за кои се залшагаше американскиот претседател Џо Бајден.

    Тие, исто така, укажуваат на претходното заострување на монетарната политика на САД од очекуваното и на континуираниот недостиг на залихи.

    Американската економија, како што сега предвидува ММФ, ќе порасне за четири отсто во 2022 година, порастот од 5,6 отстово 2021 година. Во 2022 година активностите ќе забават до 2,6 отсто, според последните прогнози.

    Октомвриската прогноза за раст на кинеската економија за 2022 година беше значително намалена, за 0,8 процентни поени, на 4,8 отсто, по проценетиот раст од 8,1 отсто во 2021 година. Растот би требало повторно да се забрза во 2023 година, на 5,2 отсто, предвидуваат тие.

    Прогнозите се намалени поради нарушувањата предизвикани од кинеската политика на нулта толеранција за Ковид-19 и поради долгорочните финансиски притисоци во секторот за развој на недвижности, објаснува ММФ.

    Шпанија со најголем раст

    ММФ, истотака, ја намали прогнозата за раст на еврозоната оваа година, за 0,4 процентни поени, на 3,9 отсто, со проценка декатаа ќе забави на 2,5 отсто во 2023 година.Според нивните проценки, германската и италијанската економија годинава ќе пораснат за 3,8 отсто, што е за 0,8, односноза 0,4 процентни поени пониско отколку што предвидуваа во октомври минатата година.

    Во 2023 година, според нивните последни прогнози, германската економија би требало да порасне за 2,5 отсто, а италијанската за 2,2 отсто.

    Шпанија треба да порасне најсилно меѓу водечките економии во еврозоната, за 5,8 отсто оваа година и за 3,8 отсто следната година.

    Очите вперени во американските Федерални Резерви

    ММФ  предупреди дека појавата на нови варијанти на коронавирусот може да ја продолжи пандемијата и да предизвика нови економски нарушувања, а дополнителните ризици вклучуваат проблеми во синџирите на снабдување, нестабилност на цените на енергијата и локални притисоци врз платите.

    Прогнозите за инфлација за оваа година се зголемени и за развиените и за економиите во развој, со предупредувања дека зголемените ценовни притисоци веројатно ќе траат подолго од очекуваното со оглед на тековните нарушувања на синџирот на снабдување и високите цени на енергијата.

    Инфлацијата оваа година треба во просек да изнесува 3,9 отсто во развиените економии и 5,9 отсто во економиите во развој и во развој и да ослабнево 2023 година, попречена од поблагиот раст на цените на горивата и храната.

    Фокусот ќе биде ставен на Федералните резерви на САД, кои најавија зголемување на клучните каматни стапки претходно оваа година, порано од очекуваното, што ќе резултира со повисоки трошоци за задолжување ширум светот и ќе го зголеми притисокот врз јавните финансии, соопшти ММФ.

    Големи разлики

    Иако економиите сè уште се опоравуваат од пандемскиотшок, темпото на закрепнување варира во голема мера помеѓу побогатите и посиромашните земји, соопшти  ММФ. Развиените економии треба да се вратат на предпандемискиот тренд оваа година бидејќи неколку економии во развој се соочуваат со големи загуби на БДП.

    По пандемијата, дополнителни седум десет милиони луѓе паднаа во екстремна сиромаштија, поништувајќи го напредокот во намалувањето на сиромаштијата постигнат во изминатите неколку години, напиша Гопинат на блогот.

    ММФ вели дека е од клучно значење да се обезбеди пристап до вакцини, тестови и третман низ целиот свет за да се намали ризикот од понатамошни опасни варијанти на Ковид-19.Гопинат, исто така, истакна дека 60 отсто од земјите со ниски приходи веќе се заглавени во должнички проблеми или им се закануваат, повикувајќи ја групата од 20 најголеми светски економии да го забрза процесот на реструктуирање на долгот и да го прекине неговото сервисирање.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично