ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка предупредува: Не ги отворајте е-пораките со stp.com.mk – лажни се

    Време зa читање: < 1 минутa

    Клиенти и соработници на скопската Стопанска банка во текот на денот добиле сомнителни пораки, од лажна e-mail адреса.

    Велат, се работи за порака која треба да наликува на допис од Стопанска банка. Притоа нагласуваат на фактот адресата на испраќачот завршува со stp.com.mk, а нивната е stb.com.mk. И појаснуваат дека напишаното е на лош македонски јазик, со нелогични насоки и прилог со несоодветна екстензија.

    „Бидете внимателни, не ги отворајте и не ги препраќајте пораките дополнително до други e-mail адреси, затоа што прилогот веројатно содржи malware кој може да Ви наштети“, предупредуваат од Стопанска банка.

    Оттаму сметаат дека како и досега, ваквите обиди се насочени кон загрозување на безбедноста на клиентите, зад превезот на довербата што тие ја имаат во познати брендови како што се банките. „Се надеваме дека со редовно информирање за чекорите за засилена безбедност и алертирање при вакви појави, успеваме заеднички да го намалиме успехот на малициозните дописи“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично