ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на Стопанска банка АД Скопје за претстојниот период?

    Време зa читање: 2 минути

    Најголемиот удар врз домашната економија предизвикан од пандемијата беше почувствуван во второто тримесечје од годината кога БДП регистрираше годишен пад од 12,7 %. Притоа, кај расходната страна единствено јавната потрошувачка порасна, додека сите други компоненти беа негативни. Ризиците и неизвесноста продолжуваат и понатаму. Во многу држави во светот, вклучително и нашата, здравствената криза се засилува, со што се засилуваат и потенцијалите за негативни движења во економиите, како глобално, така и локално. Во однос на ценовните движења, ниската и стабилна инфлација го задржува својот тренд со помали притисоци од повисоките цени на електричната енергија и на храната. Дефицитот на тековната сметка во првата половина од годината достигна 2,1 % од БДП, слично како во истиот период минатата година. Поголем притисок се чувствува во фискалниот дел, при што буџетскиот дефицит заклучно со 30.09.2020 година изнесуваше 5,1 % од БДП, додека јавниот долг со состојба 30.06.2020 година достигна 60,3 % од БДП. Овој притисок се очекува да се намали по надминување на кризата.

    Како и досега, Банката ќе продолжи да ги презема сите потребни мерки и активности потребни за намалување на минимум на негативното влијание од кризата и приспособување кон новонастанатите услови во економијата и во општеството во целина.

    Известување за промени во сметководната политика и во методите на вреднување

    Во анализираниот период од 2020 година нема промени во сметководната политика и во методите на вреднување.

    Исплатени дивиденди

    Банката донесе Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на приоритетните акции на Стопанска банка АД – Скопје за 2019 година. Притоа, во анализираниот период се исплати дивиденда во вкупен бруто износ од 1.592.108 денари, односно бруто дивидендата по акција изнесуваше 7 денари. Право на дивиденда остварија сите иматели кои се стекнале со приоритетни акциите на СБ согласно датумот на пресек на акционерската книга 15.07.2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично