ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД – Скопје донираше маски и визири за болниците и клиниките

    Време зa читање: < 1 минутa

    Здравствените работници во оваа актуелна глобална борба се наоѓаат во првите редови и потребна е нивна постојана заштита и внимание.

    Затоа, Стопанска банка АД – Скопје покрај медицинската опрема обезбеди донација од маски и визири и за следните јавни здравствени установи во Републиката, за да покаже своја благодарност и посветеност за заедницата.

    Со овој чин Банката испраќа поддршка и благодарност и секако потврда дека не се заборавени, туку дека здравствените работници нашите национални херои се постојано во нивните мисли.

    • ЈЗУ општа болница – Куманово
    • ЈЗУ Здравствен дом – Скопје
    • ЈЗУ Специјална Болница по Гинекологија и Акушерство “Мајка Тереза” – Чаир
    • ЈЗУ клиничка болница – Штип
    • ЈЗУ општа болница „Борка Талески“ – Прилеп
    • ЈЗУ Клиничка болница – Тетово
    • ЈЗУ Клиничка болница – Битола
    • ГОБ 8ми септември – Скопје
    • ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично