Врз кои основи се креираат проекциите за 2026 година во банкарскиот сектор? Пари упати прашања до банките – какви очекувања имаат за Новата година. На што можат да се надеваат граѓаните и компаниите, ќе има ли промени и какви новини се предвидени да се реализираат, кои се најголемите ризици и колку се подготвни да ги апсорбираат.
Стевче Кузмановски – член на Управен одбор на ПроКредит Банка:
Оваа 2026 ќе биде година на стабилност и сигурност, со големи можности за граѓаните и компаниите. Кредитите ќе останат достапни за сите проекти со јасна економска логика и долгорочна вредност. Микро и малите компании ќе добијат уште поголема поддршка за развој и ликвидност, а кај граѓаните очекуваме да продолжи интересот за станбени и потрошувачки кредити, како и за финансиски решенија за енергетска ефикасност.

Штедењето ќе остане сигурна навика, со производи што нудат стабилни каматни стапки, јасни услови и флексибилност во располагање со заштедата. 2026 е година за планирање и финансиска предвидливост, а не за ризични одлуки. ПроКредит Банка продолжува да биде на страната на клиентите, нудејќи пред сè квалитетни, транспарентни услуги со конкурентни каматни стапки, со цел да го поддржи населението во реализација на приватните и бизнис цели.
Во 2026 година банките ќе се натпреваруваат преку едноставност и практичност, а ПроКредит задржува силен фокус на модерното банкарство. Новата апликација за мобилно банкарство ќе внесе свежина на пазарот, нудејќи повеќе опции и функции кои нè издвојуваат од конкуренцијата.
Платежниот сервис Apple Pay ќе им овозможи на клиентите плаќања директно од нивниот уред. Пакетот ProYOUng ќе нуди атрактивни решенија за млади, додека пакетот ProActive ќе биде одлична мотивација за сите кои сакаат активно да се вклучат во поддршка на одржливи и зелени иницијативи.
Сè повеќе услуги ќе се завршуваат онлајн, без чекање на шалтери. Персонализираните продукти ќе донесат вистинска промена, секој клиент ќе добива понуда прилагодена на неговите потреби и животен стил, со појасни и поповолни услови. ПроКредит Банка ќе работи во корист на клиентите нудејќи поедноставни процеси, пониски трошоци, и побрзо и појасно банкарство.
Главниот ризик останува глобалната економска неизвесност, но ПроКредит Банка влегува во 2026 стабилна и подготвена. Со над 20 години искуство на македонскиот пазар, тим од професионалци и постојано следење на пазарот, банката е подготвена да ги апсорбира ризиците и да ја искористи секоја нова можност.
Инвестициите во дигитална безбедност и модерни системи ја штитат довербата на клиентите и ја зајакнуваат оперативната стабилност. ПроКредит продолжува да нуди модерно, дигитално банкарство, но со човечки пристап, достапно за секој постоечки и нов клиент.
Подготви: Маја Анастасова
Аналитика








