ПОВЕЌЕ

    Капитал Банка АД со нова промотивна кампања: Штеди во денари на 12 месеци со фиксна каматна стапка од 1.75% + 3000 денари ваучер

    Време зa читање: 2 минути

    За секој нов отворен Стандарден депозит во денари со минимален износ од 300.000 денари на 12 месеци, добивате одлична фиксна каматна стапка од 1.75% , а за првите 100 штедачи и подарок вредносен ваучер од 3000 денари за шопинг кај нашите трговски партнери.

    Кампањата ќе трае до крајот на годината, а ваучерите ќе можете да ги искористите најдоцна до 31.01.2021 година за пазарење во продажните места на преку 200 наши трговски партнери низ државата со кои банката има склучено договор за деловна соработка.

    Погледнете ја листата на нашите трговски партнери!

    Сите депозити во Капитал Банка АД Скопје до износ од 1.800.000 денари по клиент, се 100% осигурани во Фондот за осигурување на депозити.

    Капитал Банка АД Скопје, од неодамна промовираше и ОНЛАЈН отворање на депозит, без физичко доаѓање во банката, односно од Вашиот дом, работно место, компјутер или паметен телефон. Се што треба да направите е да се јавите во банката и да побарате отворање на депозит онлајн и да ги имате средствата предвидени за депозит на било која друга сметка во било која банка или штедилница во РСМ. Оваа услуга го намалува и ризикот од ширење на вирусот Covid-19, бидејќи целиот процес се одвива дигитално, а ваучерот како дел од новата промоција ќе Ви го испратиме по пошта.

    Искористете ја оваа промотивна можност да заштедите и да добиете повеќе од очекуваното!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично