
Во духот на мотото „Спремни за следното ниво“, љубителите на спортот, рекреацијата и активниот животен стил беа дел од второто издание на Imlek Impact Warm Up, кое се одржа на Кеј Македонија во Охрид како увертира за јубилејното 10-то издание на Охрид ТрчаТ Викенд каде учествуваа рекордни 2.700 учесници.
Исполнет со енергија, движење и позитивна атмосфера, настанот уште еднаш потврди дека спортот има моќ да обединува, инспирира и мотивира. Учесниците имаа можност да се подготват за претстојните трки преку динамична фитнес програма предводена од искусни инструктори, кои го претворија кејот во вистинска зона на движење и добра енергија.

Програмата вклучи тренинзи Fire Up – ATG Body Activation со Никола Бошале од Fit Box Охрид, Move, Tone, Enjoy со Кате Бујароска Анѓелеска од Kate’s Aerobic Ohrid, Body Combat vs. Zumba со Ристе Јанкоски од ИБ Спорт Центар и RECOVER AND RELAX – TOTAL BODY COOLDOWN со Емилија Колоска од Move & Flow. Преку различни активности и предизвици, присутните ги тестираа своите способности, се забавуваа и освоија вредни награди.
Како дел од искуството, посетителите имаа можност да уживаат и во Imlek Impact протеинските шејкови со 30 грама протеини, создадени за сите кои практикуваат активен животен стил и сакаат квалитетна поддршка по физичка активност.

Посебен белег на настанот даде и зоната за освежување, каде посетителите уживаа во коктели подготвени од Imlek Impact протеинските шејкови, додека дружењето покрај Охридското Езеро продолжи и после фитнес програмата, во одлична атмосфера.
Спортскиот викенд продолжи и на денот на трката, кога Imlek Impact беше присутен со Impact Photo Booth, овозможувајќи им на учесниците да ги овековечат своите најубави моменти и спортски достигнувања.
Преку Imlek Impact Warm Up, брендот уште еднаш ја потврди својата посветеност кон промовирањето на активниот животен стил, спортот и здравите навики, придонесувајќи за уште едно успешно издание на Охрид ТрчаТ и создавајќи позитивен IMPACT во заедницата.
Аналитика








