ПОВЕЌЕ

    Список на најплатените работни места во Америка за 2021 година

    Време зa читање: 2 минути

    Годишното рангирање на најдобрите работни места се заснова на, рамнотежа помеѓу животот, работата и нивото на стрес.

    Можете ли да имате работа со која сте многу задоволни, а во исто време да имате шестцифрена плата? Да, ако изберете паметно, и живеете во Америка.

    Многу од извештаите објавени претходните денови имаат еден заеднички заклучок, а тоа е дека тие го нашле одговорот на прашањето кои се најдобрите работни места за оваа година, а кои се платени над 100.000 долари годишно или повеќе.

    „Ниту една работа не одговара на сите нас, но многу од најдобрите имаат неколку заеднички карактеристики“, се вели во годишното рангирање на „најдобрите работни места“ за 2021 година. 

    За прв пат по три години, програмерот не успеа да ја задржи првата позиција. Стоматолозите исто така беа исфрлени од најдобрите пет оваа година и се наметнаа под деветото место на списокот.

    Оваа година, помошникот лекар проби на прво место (просечна плата од 112.260 долари годишно, проследено со софтверски програмер 107.510 долари годишно, за што е потребна диплома), медицинска сестра (110.700 долари) годишно, за што е потребна диплома), управител на медицински и здравствени услуги (100.980 долари годишно) и лекар (206.500 долари годишно, за што е потребен докторат).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично