ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе банка со бесплатни дебитни картички за пензионери до 30 септември

    Време зa читање: < 1 минутa

    Шпаркасе Банка Македонија спроведува промотивна кампања која важи за сите пензионери.

    Станува збор за поволноста сите пензионери, кои ја примаат својата пензија на сметка во банката да имаат можност да аплицираат за бесплатна дебитна картичка до 30 септември 2020 година.

    “Избегнувајте ги посетите на експозитурите и подигнувајте ја пензијата во секое време, преку 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата без провизија, ширум државата. Грижите се за Вашето здравје и останете дома!” – велат од банката.

    Дополнително, со цел олеснување на користењето на дебитна картичка и поволностите од користење на електронско и мобилно банкарство, Шпаркасе Банка Македонија сподели упатство за користење на овие услуги.

    Упатството можете да го погледнете ТУКА.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично