ПОВЕЌЕ

    Сметките за струја ќе се пресметуваат со ДДВ од 18 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Од утре, дефинитивно, сметките за струја за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар ќе се пресметуваат со стапка на ДДВ од 18 проценти. Како своевидна компензација за зголеменото оданочување, Владата ќе продолжи да ги субвенционира трошоците за производство и снабдување на електрична енергија, наведе министерот за финансии Фатмир Бесими, како одговор на прашањето – зошто Владата не се ангажира струјата и натаму да има ДДВ од 10 проценти.

    „Во тој дел веќе се презентирани даночните инструменти. Намалувањето на ДДВ беше една фаза во првичната енергетска криза, со намалувањето од 18 на пет проценти. Потоа се зголеми на 10 отсто и враќањето на 18 проценти беше пролонгирано до јуни годинава. Сега има нова методологија од Регулаторната комисија за енергетика, со која се мотивира штедењето на потрошувачката со воведување на четири блок тарифи“, посочи министерот.

    Исто така, кажа дека Владата, како сопственик на ЕСМ, му дала насоки на Управниот одбор за цени пониски од цената на чинење.

    „Тоа значи дека ќе продолжиме со субвенционирањето. Нема да одиме со намалување на даночните давачки, туку со таргетирани мерки“, тврди Бесими.

    Враќањето на стапката на ДДВ од се уште актуелните 10 на 18проценти за крајната сметка на домаќинствата ќе претставува зголемување за 2,5 насто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично