ПОВЕЌЕ

    СКОПЈЕ, ПРИШТИНА И ТИРАНА СЕ ДОГОВОРИЈА: Ќе се формира најголем прекуграничен национален парк во Европа

    Време зa читање: 3 минути

    Косово, Албанија и Северна Македонија потпишаа договор за формирање на заедничко заштитено подрачје, со што се создадени условите да се оформи најголемиот прекуграничен парк во Европа, кој се протега на над 240.000 хектари.

    Министерот за инфраструктура на Косово, Либурн Алиу, албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро и министерот за животна средина на Северна Македонија, Насер Нуредини, потпишаа меморандум за создавање на заедничка заштитена област која ги опфаќа Кораб-Коритнику, Шар-Планина , Маврово и Мал Шари. „Убедени дека меѓународниот договор е од суштинско значење за зачувување на извонредните еколошки, економски, научни, културни и естетски вредности за сегашните и идните генерации, со главна цел развој, промовирање, управување и зачувување на нашите прекугранични заштитени подрачја“, Кумбаро рече на потпишувањето.

    „Ги гледаме заштитените подрачја како создавање бенефиции преку границите – надвор од нивните граници на мапа, надвор од границите на националните држави – меѓу општествата и генерациите што живеат во овие области. Овие планински масиви служат како еколошки коридор во кој се сместени голем број значајни видови растенија и животни, не само на регионално, туку и на европско и меѓународно ниво“, додаде таа.

    Според министерот Нуредини, поврзувањето на трите земји и заштитените подрачја треба да обезбеди одржливо управување и создавање нови можности за социо-економски развој на локалните заедници. „Природното прекугранично поврзување на Маврово и Шар Планина со Кораб-Коритник и Шари отвара нови можности за поголема заштита на флората и фауната, подобро справување со илегални дејствија, подобро мониторирање, поголеми можности за развој на еко-туризмот и алтернативните форми на туризам, размена на добри практики и искуства, заштита и промоција на културното и природното наследство, како и поголема атрактивност и зголемен интерес на меѓународните донатори и инвеститори“, изјави министерот Нуредини.

    Според албанските власти, овој проект има за цел заеднички прекуграничен развој на природен туризам, управување со регионот и заедничка промоција на посебното природно и културно наследство преку границите.

    Косовскиот министер за екологија, Алиу истакна дека, освен познатата туристичката дестинација Брезовица, имаат план да развијат и други области од планинскиот туризам, како зимски така и летен, согласно критериумите за заштита на природата.

    Паркот на природата Кораб-Коритник во Албанија, Националниот парк Шари на Косово и Националниот парк Мавровo и Националниот парк на Шар Планина во Северна Македонија ќе бидат дел од прекуграничен парк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично