ПОВЕЌЕ

    СЕ БАРА АКЦИЈА ПОВЕЌЕ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – Преку четири блока и на редовниот пазар понеделнички инвестирани 700 илјади евра  

    Време зa читање: 2 минути

    Повеќе од 225 илјади евра се инвестирани во акциите на Комерцијална банка преку четири блок трансакции. Купени се вкупно 850 акции по цена од 16.300 денари, покажува вчерашната дневна листа на тргување.

    Расте интересот за најтргуваната акција на Берзата, расте и цената. На последниот работен ден од минатата недела чинеше точно 16.221,60 денари.

    Во првата блок трансакција се купени 150 акции во вредност од 2,445 илјади денари или 39,73 илјади евра. За 210 акции преку втората блок трансакција се вложени 3,423 илјади денари/55,6 илјади евра. Според бројот на акциите, најобемна е третата блок трансакција – за 335 акции платени се 5,460.50 ијади денари, односно 88,74 илјади евра. И, за 155 акции купувачот инвестирал 2,526.50 илјади денари/41 илјада евра во последната блок трансакција.

    Исто така, во текот на вчерашниот ден на редовниот пазар биле истргувани 1.794 акции издадени од најголемата и најуспешна македонска банка. Со нив е постигнат дневен промет од 29,241.18 илјади денари, што е противвредност на 475 илјади евра. Што значи дека само во еден ден, заедно со блок трансакциите, направен е промет од 700 илјади евра.

    Инвеститорската јавност ја прими пораката дека сега и времето и цената се погодни за вложување во акциите на Комерцијална банка. Минатата недела прво сто акции купи главниот директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор, Билјана Максимовска – Поповиќ, а некој ден подоцна и главниот оперативен директор и член на УО, Илија Илоски, што е значаен сигнал дека Комерцијална нема да застане на достигнатите годишни прагови – над 58 милиони евра добивка и 25,6 милиони евра берзански промет со нејзините акции.

    М.А.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично