ПОВЕЌЕ

    „Реплек“ планира приходи од 31 милион евра, најголемиот дел од странските пазари

    Време зa читање: 2 минути

    Од продажбата на сопствените производи, скопски „Реплек“ очекува прилив од над 31 милион евра или 24 проценти повеќе од минатогодишната реализација. Како и досега, најголемиот дел од активностите се насочени кон странските пазари, со амбиција да се зајакне меѓународното присуство, а паралелно и да се одржи силна позиција на домашниот терен.

    Тој пристап и плановите за нови стратегиски партнерства, на компанијата, надвор од границите на државата треба да и донесе приходи повисоки за 17,1 насто, односно повеќе од 23,1 милион евра. И тоа, од ЗНД се предвидуваат приливи од 14 милиони евра, од МЕНА (Блиски Исток и Северна Африка) речиси 3,9 милиони евра, од земјите на ЈИЕ 3,5 милиони евра, од Југоисточна Азија околу 795 илјади евра и од ЕУ над 702 илјади евра.

    Поголеми остварувања треба да има и на домашниот пазар, за 47 насто, и износ од близу осум милиони евра. Ова движење ќе претставува резултат, како што наведуваат од „Реплек“, од експанзијата на продуктното портфолио, зголемување на маркетинг и промотивните активности и воспоставување нови партнерства со дистрибутери и добавувачи на македонскиот пазар.

    Во рамките на стратегијата за иновации, компанијата ќе ги изведува планираните инвестиции во технолошки напредок и оптимизација на производствените капацитети во вредност од три милиони евра.

    „Реплек“ опстојува повеќе од седум децении, функционира со над 400 вработени, а преку производите го има на повеќе од 25 меѓународни пазари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично