Прометот во индустријата во јули забележал вкупна позитивна годишна промена за 13,8 насто, соопштија од Државниот завод за статистика, иако има и негативни трендови.
Според главните индустриски групи, раст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,6%; кај Капитални производи за 36,4 %; кај Трајни производи за широка потрошувачка за 7,2 % и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6 %.
Што се однесува до состојбата на месечно ниво, статистиката регистрирала пад во прометот во индустријата од 0,7 отсто. Сепак, како што се наведува, „во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи пораст од 8,1 %“.
На домашниот пазар, пак, прометот во индустријата во јули, споредено со ланскиот јули, е зголемен за 3,4 насто. Додека од јануари до јули, во однос на истот минатогодишен период има опаѓање од 1,3 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари е повисок за 17,4 насто на годишно ниво. Раст има и на полугодишна основа (јануари – јули 2025/2024) – за 10,3 насто.
Од ДЗС посочуваат дека најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата доаѓа од „Производство на прехранбени производи со 12,2 %; Производство на електрична опрема со 8,1 %; Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 106 %.