ПОВЕЌЕ

    Работете за да живеете – живејте за да работите

    Време зa читање: 3 минути

    Балансот работа – живот отсекогаш било големо прашање. Вратете се во историјата и ќе видите дека безброј луѓе работеле долги и казниви часови. Погледнете околу себе и истиот недостиг на баланс ќе го видите кај многу човечки животи. Каков баланс треба да имаме?

    Доколку имате проблем со доведување на балансот во ред, тогаш ќе ве упатиме на веб-страницата www.worklife-balance.com. Тие имаат три едноставни изјави во врска со оваа тема:

    • Балансот работа – живот не значи еднаков баланс. Правењето распоред на еднаков број часови за секоја ваша работа и лични активности е нереалистично. Животот треба да биде пофлуиден од тоа.
    • Вашиот најдобар индивидуален баланс работа – живот ќе варира со текот на времето, честопати на дневни бази. Вистинскиот баланс за вас денеска најверојатно ќе биде поинаков утре. Вистинскиот баланс кога сте немажени/неженети ќе биде поинаков кога ќе иматге партнер/партнерка или деца.
    • Не постои перфектен баланс кон кој треба да се стремите. Најдобриот баланс работа-живот е различен кај секој од нас, бидејќи сите ние имаме поинакви приоритети и поинакви животи.

    Една поговорка вели: „Никогаш не добиваш нешто за ништо. Сé си има своја цена‟. Прави што мислиш да правиш, но биди подготвен да ја платиш цената за тоа. Веб-сајтот за балансот работа-живот се согласува со тоа: „ Достигнувањето и уживаењето се лицето и опачината на паричката на вредноста во животот. Не можеш да го имаш едното без другото, како што не можеш да имаш паричка со само една страна. Обидот да се живее едностран живот е причината зошто толку многу луѓе се несреќни или не се толку среќни како што би требало да бидат‟.

    Да, вие и организацијата имате одговорност да им помогнете на вработените да постигнат баланс. Но сите ние имаме индивидуална одговорност кон самите себе да се осигураме дека се задоволени нашите лични потреби и желби.

    Балансот работа – живот константно ќе се менува во согласнот со различните фактори во вашиот дом и животот на работа.

    Момент за размислување

    Колку добро е избалансирано времето што го поминувате дома и на работа? Ако доминира работата, кои домашни обврски страдаат? Колку многу овие обврски го збогатуваат вашиот живот? Кога ќе бидете на смртна постела ќе бидете ли благодарни на дополнителните часови што сте ги поминале во својата канцеларија?

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично