ПОВЕЌЕ

    ПРОМЕТОТ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ЕДВАЈ ТРЕТИНА од ланското тргување

    Време зa читање: 3 минути

    Во првото тримесечје од годинава направениот промет на Македонската берза е 14,8 милиони евра, но повеќе од половината е резултат на тргувањата во март. Од месец во месец прометот бележи раст. Па така, во јануари се истргувани акции за 3,2 милиони евра, во февруари за 3,6 милиони евра, а во март е направен промет од дури 8 милиони евра. Сепак, овие движења се значително пониски во споредба со минатата година, кога за првите три месеци е направен вкупен промет од 43,5 милиони евра. Значи, сегашниот е одвај третина од прометот регистриран лани.

    Месечен промет на Берза во 2023 и во 2022 година

    МесецВкупен промет 2023Вкупен промет 2022
    Јануари3,2 милиони евра14,7 милиони евра
    Февруари3,6 милиони евра17,3 милиони евра
    Март8 милиони евра11,5 милиони евра
    Вкупно - прв квартал14,8 милиони евра43,5 милиони евра

    ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА БЕРЗИТЕ?

    Прометот на берзата е најдобар барометар за економските случувања, но разни шпекулации може да предизвикаат нарушувања на берзите. Она што на глобално ниво се случува на пазарот на инвеститорите, се случува и кај нас. Финансиските текови се сметаат за наjглобалната алка во глобализмот. Тие јасно ја перцепираа реланоста дека војната во Украина не стивнува. Почетокот на годината, односно екот на грејната сезона беше проследен со голема неизвесност околу енергентите – струјата и гасот, а пресуден фактор стана временската прогноза.

    Инфлацијатa во Еврозоната во јануари почна да се смирува во однос на декември претходната година, но се уште имаше стравувања во однос на синџирите на снабдување, а потоа дојде и веста за крах на Банката на Силиконска долина во Америка, што внесе вознемиреност и пад на берзите. Дополнително, инвеститорите станаа воздржани со вестите за швајцарската Свис Кредит банка. Глобалните берзи реагираа бурно.

    Веќе во втората половина од март финансиските пазaри се oпоравуваa реагирајќи со внимателен оптимизам.

    „Европските акции забележаа добивки од над 7% за првиот квартал и покрај превирањата во банкарскиот сектор“, јави CNBC.

    КОИ БИЛЕ НАЈТРГУВАНИТЕ АКЦИИ ВО МАРТ 2023 ГОДИНА, А КОИ ЛАНИ ВО МАРТ?

    Во март годинава петте најтргувани акции се на Комерцијална банка, Алкалоид, НЛБ Банка, Стопанска банка – Скопје и ТТК Банка. Првите три места и лани биле на Комерцијална, Алкалоид и НЛБ Банка, но разлика има кај четвртото и петтото место. Додека годинава на тие позиции избија Стопанска банка – Скопје и ТТК Банка, лани на четвртото место била Макпетрол, а петтата најтргувана акција била на Гранит.

    За да видиме како се движела вредноста на сегашните ТОП 5 акции ги споредуваме со нивната просечна цена во март 2022 година

    ТОП 5 најтргувани акции во март 2023 година

    Хартија од вредностПросечна цена (денари) во март 2023 Просечна цена (денари) во март 2022
    Комерцијална банка12.252,49 ден.12.180,86 ден.
    Алкалоид17.930,36 ден.17.597,65 ден.
    НЛБ Банка26.088,29 ден.27.026,16 ден.
    Стопанска банка- Скопје1.311,85 ден.1.422,23 ден.
    ТТК Банка1.360,34 ден.1.370,54 ден.

    Како што може да се види од податоците, овој март во однос на ланскиот има мал пад на просечната цена на првите две најтргувани акции – на Комерцијална банка и на Алкалоид, додека раст на просечната цена има на акциите на НЛБ Банка, Стопанска банка – Скопје и на ТТК Банка.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично