ПОВЕЌЕ

    Промени во Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во Триглав пензиско друштво АД Скопје се случија промени во Надзорниот одбор на Друштвото, односно доскорешниот независен член на Надзорниот одбор г-дин Никола Танасоски си поднесе оставка, а на негово место како независен член на Надзорниот одбор беше избран г-дин Мирослав Вујиќ.

    Дополнително, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) со Решение од 12.11.2020 година, го одобри изборот на независниот член на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје
    г-динот Мирослав Вујиќ, како и реизборот на останатите членови на Надзорниот одбор: г-дин Аљоша Уршич, г-дин Блаж Кметец и г-дин Дарко Поповски.

    Уписот на промените е извршен и во Централниот регистар на Македонија на 24.11.2020 година.

    Веќе објавивме дека Војдан Јорданов кој моментно е директор на Триглав пензиско друштво ќе биде избран за нов член на Управниот одбор на Триглав осигурување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично