Согласно препораките од Народната банка, а со цел поддршка на граѓаните, компаниите и забрзување на дигиталната трансформација на платниот промет, ПроКредит Банка ги намалува провизиите на дел од своите услуги за физички и правни лица.
Како дел од долгорочната стратегија за фер и транспарентен однос со клиентите, интерните трансфери во рамки на банката како и досега остануваат без провизија.
Клучна новина за физички лица која ќе настапи од 14.09 се намалените провизии за електронски трансакции преку КИБС и МИПС до 50%. Провизиите за МИПС плаќањата се намалуваат од 100 МКД на 50 МКД, додека провизиите за КИБС плаќањата се намалуваат од 20 МКД на 12 МКД. Дополнително ќе има намалување и на провизиите за МИПС плаќања во филијала за повеќе од 30%.
Истовремено, од 01.09 банката намали и дел од провизиите за правни лица, и тоа намалени провизии за МИПС налози реализирани преку електронско банкарство до 25%, како и дополнително намалување на провизиите за МИПС плаќања во филијала за повеќе од 30%. Во тарифникот на банката има намалување и на провизиите за трајни налози преку електронско банкарство.
Со интеграцијата со СЕПА од октомври, ПроКредит ќе овозможи и дополнителни поволни провизии за вршење меѓународни плаќања, и тоа СЕПА кредитен трансфер 620 МКД / 10 ЕУР, СЕПА прилив 360 МКД / 6 ЕУР. СЕПА трансферите ќе овозможат побрз, поефикасен и поекономичен меѓународен платен промет, со што клиентите ќе добијат уште поголема вредност и сигурност.
ProPay меѓународните трансфери во рамките на ПроКредит Групацијата како уникатен продукт на Банката остануваат најекономични на пазарот со реализација во истиот ден и фиксна провизија од 2.5 ЕУР за дознаки, 0 ЕУР за приливи.
“ПроКредит Банка останува доследна на својата стратегија за транспарентност, едноставност и фер пристап кон клиентите – физички и правни лица. Со новите намалени провизии, уште повеќе ги олеснуваме секојдневните банкарски потреби и го правиме платниот промет поефикасен и поекономичен.
Дополнително, како банка која прва ја воведе дигитализацијата во нашата индустрија во земјата, најголем дел од услугите ги нудиме преку дигитални канали, што ни овозможува да бидеме поефикасни, а нашите цени и провизии – пониски и поконкурентни на пазарот.” – изјавија од ПроКредит Банка.
Дознајте повеќе на веб страната www.pcb.mk