ПОВЕЌЕ

    Приходите на ЗК Пелагонија се намалија, добивката порасна за 25 насто

    Време зa читање: 2 минути

    И покрај падот на приходите, Групацијата ЗК Пелагонија од Битола го заврши првиот квартал од годинава со повисока добивка. Според објавените неревидирани финансиски извештаи, компанијата во периодот јануари – март 2026 година остварила добивка пред оданочување од 22,1 милион денари, односно околу 359 илјади евра. Тоа претставува раст од 25 насто во однос на истиот лански период.

    Од компанијата објаснуваат дека позитивниот резултат се заснова на остварените приходи, капитализираното сопствено производство, како и на разликата во залихите на готови производи и недовршено производство.

    Во текот на првото тримесечје оперативните приходи достигнале 3,9 милиони евра, но сепак, на годишно ниво се пониски за 7 отсто. Најголемиот дел е обезбеден од продажба, која носи 81,12 отсто од вкупните оперативни приходи. Притоа, инкасирани се 3,2 милиони евра (- 10 %).

    Пад е забележан и на домашниот пазар (- 11 %), кој донел приходи од 2,9 милиони евра. За разлика од тоа, извозот бележи позитивен тренд. Од продажбата на странските пазари, при раст од 12 насто, приходувани се 268 илјади евра.

    Расходната страна останала речиси непроменета. Оперативните расходи изнесуваат 4,9 милиони евра и се зголемени за минимален 1 насто.

    Во финансискиот дел, компанијата прикажала финансиски приходи од речиси две илјади евра. Наспроти тоа, финансиските расходи се во износ од 74,2 илјади евра.

    Групацијата и понатаму има кредитни обврски. Заклучно со крајот на март, долгорочните кредити изнесуваат 3,9 милиони евра. Во меѓувреме, продолжуваат и инвестициите. Од почетокот на годинава, за набавка на основни средства биле вложени 171,6 илјади евра.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично