
Поради престанокот со работа на Еуростандард банка, пошта го стопира платниот промет. Стопирана е наплатата на сите сметки, пензии и на социјална помош и на целиот безготовински платен промет за депонентите на Еуростандард банка – рече генералниот директор на пошта Ејуп Рустеми.
Затворањето на Еуростандард банка според него, има големи негативни финансиски последици и врз работењето на пошта.
Мора итно да се потпише договор со друга банка, најавува генералниот директор на поштите, Ејуп Рустеми.
„ Поради неработењето на Еуростандард Банка на шалтерите на пошта не можеме да ги обезбедиме финансиските ускуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица. Пошта е во интензивна комуникација со Владата како оновач и со НБРМ како регулатор со цел изнаоѓање на брзо и прифатливо решение за сите.“
Аналитика








