ПОВЕЌЕ

    ПРЕФЕРЕНЦИИ НА НОВО ФОРМИРАНИТЕ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА СО АКЦЕНТ НА БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ

    Време зa читање: 4 минути

    Иако ковид ситуацијата наруши голем дел планираните инвестициони проекти на постоечките компании, сепак на сцената настапија нови правни ентитети, кои и во услови на криза се решија да ја започнат својата „голгота” низ националниот економски систем. Статусот на стратап компании не ги прави помалку важни, напротив тие заслужуваат големо внимание и поддршка од надлежните институции и за поздравување е тоа што се одлучиле да не бидат на товар на државата, туку сами да генерираат работни места за себе, но и за останатото работоспособно население. Македонската економија во 2020 година беше побогата за 7,045 новоформирани комапнии, или најмалку 7,045 надежи за подобра иднина.

    Таргет Груп својот придонес во националната статистика го дава преку своите сегментирани податоци за овие компании кои се поделени во неколку категории, а како најважна ја издвојуваме категоријата банкарско работење.

    1. Интересно е тоа што почетокот на годината бил доста раздвижен во централниот регистар. На 01.01.2020 година регистрирани се 27 нови компании, од кои 17 се во главниот град, додека годината се затворила со 2 нови компании, регистрирани на 31.12.2020.

    2. Од аспект на правниот субјект според кои се основани ситуацијата е следна:

    Вид на субјектБрој на компании
    ДООЕЛ4266
    ДОО 987
    АД8
    ТП470
    Подружница29
    Друго1281
    Стопанска Интересна Заедница2
    Останато2

    * Извор: Таргет Груп ДОО Скопје

    Процентуално најзастапени се компаниите со правен субјект ДООЕЛ или 60% од вкупниот број ново формирани компании.

    3. Според географската дисперзија најзастапени се новоформираните компании во Скопје, кои учествуваат со 40% од вкупниот број, или вкупно 2.864 компании. Ова зборува за високо ниво на централизација и остава големи прашалници околу поставеноста на бизнис секторот, можностите за развој на компаниите, работната сила и создавањето поволна бизнис клима на ниво на држава.

    ГрадБрој на нови компании
    Битола307
    Гостивар246
    Куманово287
    Охрид249
    Прилеп219
    Струмица214
    Тетово330

    * Извор: Таргет Груп ДОО Скопје

    Сите овие 7 градови имаат учество од 26% во националната економија, како ново формирани ентитети. По региони најголемо учество има Скопскиот регион (заедно со Куманово), потоа следат Западниот регион (Тетово, Гостивар, Охрид), Централниот регион (Прилеп и Битола), додека најмала е пропорцијата на источниот регион (Струмица).

    4. Важен елемент во оваа анализа е изборот на банка кај ново формираните компании од аспект што преку тоа може да се види довербата кон одредена институција, напредокот на технологијата и иновативноста во работењето и можностите за користење на банкарските производи. Секако, овие податоци се од првично отворената сметка, што не мора да значи дека компаниите не отвориле повеќе сметки во различни банки или не направиле трансфер од една во друга банка. Сепак и овој податок е доста релевантен при носењето на деловните одлуки.

    Депонент банкаБрој на компанииПроцентуално учество %
    Еуростандард Банка АД Скопје390,55
    Капитал Банка АД Скопје130,18
    Комерцијална Банка АД Скопје108615,42
    НЛБ Тутунска Банка АД Скопје162723,09
    Охридска Банка АД Скопје2263,21
    Прокредит Банка АД Скопје961,36
    Силк Роуд Банка АД Скопје1391,97
    Стопанска Банка АД Битола1201,70
    Стопанска Банка АД Скопје95713,58
    ТТК Банка АД Скопје3164,49
    Универзална Инвестициона Банка АД Скопје4766,76
    Халк Банка АД Скопје145420,64
    Централна Кооперативна банка АД Скопје1662,36
    Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје2693,82
    Нема податок610,87

    Од горната табела која е генерирана со податоци на реномираната компанија Таргет Груп ДОО Скопје може да се изведат следните заклучоци:

    • Банка која успеала да привлече најголем број на ново отворени компании е НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, со процентуално учество од 23.09%.
    • Застапеноста на четирите големи банки (Комерцијална, НЛБ, Стопанска Скопје и Халк) во вкупната пропорција изнесува 72.73%. Нивната големина, ликвидност, распротранета мрежа на филијали, достапноста на електронски канали за комуникација и оперативност, како и воспоставената корпоративна практика ги прават идеален избор за ново формираните компании. Ова е битна насока за помалите банки кои сакаат да земат дел од колачот, со нагласок дека мора да понудат алтернативни решенија преку кои ќе го зголемуваат својот удел.
    • Новата структура на Шпаркасе Банка (спојувањето со Охридска Банка) сепак не даде резултат се уште и како заеднички ентитет се далеку од челните позиции. Нивното заедничко учество во оваа категорија е 7,03%.
    • Најмало учество има Капитол Банка со 0,18%, што јасно зборува за определбата на банката кон клиентската структура. Овој процент е дури помал и од учеството на сега веќе банката во стечај, Еуростандард Банка, која работеше само неколку месеци во 2020 година.

    Автор: Стручен соработник на Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично