
Овие празници, ПроКредит Банка подготви специјална понуда заедно со „Мастеркард“. Пред вас е можност да ја искористите „Мастеркард“ кредитната картичка наменета за физички лица, која овозможува 0% камата во рамките на промотивниот период до 28 февруари 2026. Картичката нуди можност за плаќања на сите продажни места и онлајн-плаќања во земјата и во странство. Со оваа понуда, ПроКредит Банка нуди практично решение за сите кои сакаат да ги поминат празниците исполнувајќи ги своите желби и потреби, како и оние на најблиските без дополнителен финансиски трошок.
Промотивната понуда под слоганот „Празници со 0% камата“ ја нагласува предноста и можноста за паметно финансирање во периодот кога потрошувачките потреби се зголемуваат, како празнични патувања, изнајмување возила во странство, празнични подароци, семејни прослави, празничен шопинг и други потреби за нас омилени во овој период. Оваа кредитна картичка е дизајнирана да им понуди поголема слобода и финансиска контрола на корисниците, со брза и едноставна онлајн-апликација и минимални административни барања.
Клучни придобивки за клиентите:
- 0% камата во промотивниот период (до 28 февруари 2026).
- Без годишна членарина во првата година.
- До 3 плати во минус – дополнителна финансиска флексибилност.
- Можност за отплати на рати до 24 месеци.
- Онлајн-процес на аплицирање и одобрување во рок од 3 дена, што овозможува брза и практична процедура за сите постоечки и нови клиенти.
- Можност да ја користите во неограничен број продажни објекти, туристички агенции, сервиси за изнајмување возила – важи во земјата и странство.
„Преку промотивната понуда „Празници со 0% камата“, ПроКредит Банка обезбедува дополнителна поддршка во период кога трошоците природно растат, овозможувајќи кредитна картичка за сите нови и постоечки клиенти, без скриени трошоци и комплицирани услови за аплицирање. Продолжуваме да обезбедуваме едноставно и транспарентно искуство, по најдобри услови за сите постоечки и нови клиенти достапно преку нашата веб страна, 24/7 зоните и нашата мрежа на експозитури“ изјави Марина Ѓурѓовска Аџиовска, директор на сектор за физички лица.
Искористете ја промотивната понуда и уживајте во празниците со 0% камата. Аплицирајте лесно и едноставно уште денес на веб-страницата на ПроКредит Банка. Понудата важи до 28 февруари 2026 година.
ПР Објава
Аналитика








