ПОВЕЌЕ

    Попова Шапка станува елитен скијачки центар, договорот со инвеститорот во финална фаза

    Време зa читање: 2 минути

    Пред завршна финална фаза е постигнувањето на финален правен договор за инвестиција во скијачкиот центар Попова Шапка. Вредност на инвестицијата е 50 плус 50 милиони евра. Проектот е согласно Законот за концесии и јавно приватно партнерство, а суштината е издавање на 99 години на еден од најголемите инвеститори во скијачки центри во Европа, за којшто името се уште останува доверливо, ред е самиот инвеститор да го објави тоа кога ќе биде одлучено.

    -Се радуваме посебно на оваа инвестиција затоа што ќе даде нова димензија на туризмот, на зимскиот туризам пред се и нашата Шар Планина и Попова Шапка, ќе бидат нешто коешто ќе го смени имиџот на државата, изјави премиерот Зоран Заев на презентацијата на Интервентниот инвестициски план 2021-2027-ма.

    Освен инвестицијата на Попова Шапка премиерот откри и дека завршена е студијата за ски туристички центар Царев Врв на Осоговските планини, по принцип на јавно приватно партнерство во вредност од околу 50 милиони евра.

    -Верувам дека со развојот на првиот проект веднаш ќе продуцираме интерес и за вториот затоа што навистина претставува одлична скијачка дестинација, истакна премиерот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично