ПОВЕЌЕ

    По завршувањето на Финтек хакатонот, Битола со својот Финтек хаб станува центар за собирање на професионалци и ентузијасти од полето на финансиската индустрија на новото време

    Време зa читање: 7 минути

    Позади нас е иновациски од форум, кој значеше заокружување на маратонскиот хакатон викенд кој го организираше ПРЕДА плус фондацијата за одржлив развој. Впечатоците од презентациите и дискусиите сѐ уште се сумираат, а неформално продолжија разговорите помеѓу учесниците околу дигиталната трансформација на финансискиот сектор која брзо се одвива и како да се инспирираат нови млади тимови за влез со свои идеи и продукти во оваа индустрија.

    Форумот кој се одржа во просториите на Битола стартап центарот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии ФИКТ при Универзитетот Св.Климент Охридски, на панел дискусија ги имаше за говорници ректорот Проф. Д-р Игор Неделковски, Ерика Пирмец советник за дигитална трансформација во e-Estonia, Никола Јошевски основач на СН финансии и Костас Калогиру основач на Exandia/Software Development од Грција.

    Во своето иницијално обраќање ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ ја нагласи отвореноста на УКЛО за соработка со бизнис заедницата и невладиниот сектор „Задоволство ми е што завршниот настан на ФИНТЕК хакатонот се одржува во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Универзитет Св. Климент Охридски – Битола. Во оваа прилика сакам да го искористам присуството на голем број претприемачи, сегашни и идни и претставници од невладиниот сектор за да нагласам дека вратите на УКЛО се секогаш отворени. За заеднички проекти, настани, учество на експерти од практиката во наставата, ко-брендирани лаборатории и сл. Впрочем сите вие соработувајќи и инвестирајќи во Универзитетот денес си обезбедувате подобра иднина утре бидејќи кадарот што денес ние го образуваме утре ќе биде дел од вашите комапнии.“

    Малите стартапи рамноправно се натпреваруваат со големите Fin-Tech & Big-Tech компании, така што нема практично сегмент во финансиското работење кое не е опфатено со големи промени и неопходни прилагодувања на новата дигитална парадигма, истакна Ивана Станковиќ, која како експерт од областа на банкарство и финансии и како искусна личност во креаирањето на македонскиот стартап екосистем го најави Никола Јошевски, чијашто финтек комапнија СН финансии, веќе шест години е пионер во многу процеси проактивно препознати од него кои носат промени на македонскиот финансиски пазар.

    „По дипломирањето заминав во САД, каде што го отворив својот прв бизнис, а враќањето во Македонија ме смести во една удобна фотелја на регуларниот банкарски систем. Но, мојот немирен претприемачки дух не ме остави долго во таа зона на комфор, па така се роди првата финтек компанија формирана исклучиво од македонски капитал. Но, јас во мојата визија за развој на финтек индустријата не ги игнорирав банките, напротив финтек стартапите не треба да бидат непријатели на банките, соработката значи добро сценарио за двете страни, па така еден наш продукт го направивме во соработка со  Silk Road банката и е одличен пример како треба. Мојата визија, да еден ден бидам човек што ќе го инспирира создавањето на првиот Финтек хаб во Македонија, стана реалност, а понудата на Маријана Милевска од ПРЕДА плус да станеме партнери во организирање на Финтек хакатонот дојде како предлог кој таа приказна ја заокружува. И горд сум што тоа се случува во Битола„- истакна Никола Јошевски од СН финансии пред присутните.

    Присуството на Ерика Пирмец – советник за дигитализација во земјата која е лидер на ова поле глобално, Естонија тврди дека е можна револуција и во општества како нашето, а нивниот пример на е-управување, е пример од кој треба да се применат и лекциите и можностите.

    „Многу лекции и грешки има на тој пат, додека влегуваме во третата деценија на дигитална Естонија. Естонската дигитална држава не е производ на полица кој може да им помогне да се примени било каде на друго место во светот, но првиот совет кој би го дала за придвижување на дигиталната трансформација во другите земји е да се фокусирате на корисниците. Разберете што им треба на вашите корисници, па тогаш тоа и пружите им го. Дигиталната трансформација е првенствено човечка, а потоа е технолошка. И да не заборавиме, се започнува со лидерство и силна визија.

    Втората лекција која можеме да ја извлечеме од нашите искуства е дека едноставноста е клуч. И во законодавството, но и во службите. Естонија одлучи да ја намали бирократијата, со цел што повеќе да пушти јавниот сектор да се развива во услуги, а притоа комапниите да се поттикнат да прават иновации.

    Трето, гледаме дека споделените платформи се побрз пат до успехот. Ова е директен потез за креирање на дигитален скелет на општеството. Односно, примерот со X-Road е еден од фундаменталните фактори на успех, а тоа е соработката помеѓу јавните и приватните субјекти. Така што партнерставата помеѓу јавниот сектор и приватниот се клучни, но мора да се случат на најтранспарентен начин„- зборуваше Пирмец за нивните искуства.

    Во серијата активности кои ги реализира ПРЕДА во изминатиот период, од повикот за пријавување на тимови за хакатонот, преку Design Thinking  обуката низ која поминаа селектираните тимови, до нетворкинг настанот „И од Битола се може„ кој беше одличен вовед за 48 часовниот хакатон, со финишот на иновативност форум, големо беше значењето и на присуството на грчките партнери, со оглед на фактот што ова е прекуграничен ЕУ проект, а Северна Грција интензивно работи на поддршка на ИКТ индустријата, како применлив и близок метод на организирање.

    „Финтек индустријата ги пробива стереотипите дека финансиската индустрија е нединамична гранка на економијата. Ова што го гледам во Битола е одлична работа, која ќе биде катализатор за развој на поширокиот регион. Ние како соседна земја сме повеќе од заинтересирани тој пат на развој на дигитализација да го изодиме заедно. Благодарен сум за шансата да бидам гостин на оваа серија од настани кои интензивно се случуваа во овие неколку денови„- изјави на форумот Костас Калогиру, ко-основач на Exandia – Software Development од Грција, претприемач во областа на технологијата, член била на бројни комисии и ментор на национални и меѓународни натпревари за дизајн и хакатони.

    Сите учесници на хакатонот, ќе продолжат да работат на реализација на нивните идеи со кои се натпреваруваа, победниците од Велес со својот продукт Broshurance добија чек од 3.000 евра спонзориран од Финтек Хабот на СН финансии, a она што останува после овој проект е да продолжи иницијативата Битола да биде центар за собирање на професионалци и ентузијасти од полето на финансиската индустрија на новото време, под капата на истиот тој хаб.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично