ПОВЕЌЕ

    Пензиските фондови располагаат со две милијарди евра

    Време зa читање: 4 минути

    Парите од пензиските фондови имаат највисок удел – 65,4 отсто во вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) кои на крајот од втората половина од годинава изнесуваат 3,2 милијарди евра, покажува извештајот од Народната банка

    Вкупните средства на останатите финансиски институции – пензиски фондови, осигурителни друштва, инвестициски фондови, финансиски друштва, лизинг друштва и друштва за управување со пензиски и инвестициски фондови изнесуваат 196.853 милиони денари (3,2 милијарди евра) и се зголемени за 8.967 милиони денари (145,6 милиони евра). Во средствата на финансиските институции партиципираат со 19,3 проценти.

    Ова е состојбата од второто годинешно тримесечие, а анализата на Народната банка упатува на тоа дека најголем е уделот – 65,4 отсто на пензиските фондови. Второрангирани според учествотот во вкупните средства се осигурителните друштва со 17,3 проценти.

    Најголем дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност, со удел од 51,2 и 24,9 отсто. Кај обврските, пак, најголемиот дел се однесува на техничките резерви на осигурување и капитални сметки – со 56,6 и 33,7 проценти.

    Како што се наведува во извештајот, вкупните средства на ОФИ оствариле квартален раст од 4,8 насто. Главно „под влијание на повисоките средства на пензиските фондови, при помал позитивен придонес и на останатите потсектори, со исклучок на друштвата за управување со пензиските и инвестициските фондови, коишто забележаа пад на средствата“.

    И за годишното движење од 16,1 насто најзначајна е улогата на пензиските фондови и нивните средства. Но, позитивни движења има и во другите потсектори.

    Вкупните средства на пензиските фондови (задолжителни и доброволни) изнесуваат 128,683 милиони денари или над две милијарди евра. Бележат квартална и годишна стапка на раст од 4,7 и 16,9 проценти, соодветно. Што упатува на повисоки вложувања во должнички хартии од вредност, но и на позитивен придонес од вложувањата во сопственички хартии од вредност. „На страната на обврските, кварталниот и годишниот раст се објаснуваат со зголемените технички резерви на осигурување и капитални сметки“, пишува во извештајот од Народната банка.

    Вкупните средства на осигурителните друштва на крајот од јуни евидентирале квартално зголемување од 4,6 проценти, што се објаснува со повисоките технички резерви на осигурување, останатите побарувања и вложувањата во должнички хартии од вредност, а во помал дел и на повисоките инвестирања во сопственички хартии од вредност. Годишниот раст е од 8,3 насто. Обврските, пак, конкретно нивното квартално и годишно најмногу се одраз на зголемените технички резерви на осигурување.

    Во второто триесечие вкупните средства на инвестициските фондови се со квартален и годишен раст од 1,8 и 13,6 насто, што е продуцирано под влијание на зголемените инвестирања во сопственички и должнички хартии од вредност. Од друга страна, зголемените капитални сметки биле клучни за растот на обврските.

    Финансиските друштва оствариле месечно и годишно зголемување на вкупните средства од 6,3 и 29,5 насто. „Кредитите на овој потсектор како главен инструмент на страната на средствата, на крајот од јуни достигнаа 8.631 милион денари. Кредитната активност на финансиските друштва е зголемена за 5,9% на квартална основа и 22,6% на годишна основа“, посочуваат од Народната банка. Квартален и годишен раст има и кај обврските, поради повисоките капитални сметки, останатите обврски и обврските врз основа на кредити.

    Стапките на раст – кварталната и годишната се 10,4 и 28 проценти кај вкупните средства на друштвата даватели на финансиски лизинг. Најголемиот дел од нив се побарувања врз основа на кредити, во износ од 7.327 милиони денари. Кредитирањето е зголемено за 13,2 насто споредено на квартално ниво, при што годишниот раст изнесува 31,7 насто. И обврските во најголем дел растат порадикредитните задолжувања.

    Единствено вкупните средства на друштвата за управување со пензиски и инвестициски фондови регистрирале квартален пад на крајот од јуни. Се работи за негатива од 3,3 отсто. Во извештајот стои дека тоа во најголем дел е заради намалените валути и депозити. Но, во однос на состојбата од пред една година средствата на овој потсектор се зголемени за 9,9 насто. Исто така, квартален минус има и кај обврските, а на годишно ниво – раст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично