ПОВЕЌЕ

    PayPal ќе им овозможи нова услуга на корисниците

    Време зa читање: 2 минути

    Корисниците на платформите за онлајн плаќање преку Интернет, PayPal,  досега имаа можност само да купуваат, продаваат и чуваат одредени криптовалути на нивната приватна сметка. PayPal наскоро ќе им овозможи да си испраќаат криптовалути едни на други, како и да ги пренесат овие средства надвор од таа платформа.

    Според компанијата, за тоа ќе се користат приватни дигитални паричници, како и услуги на сервиси како што е Coinbase. Сепак, компанијата сè уште не достави детали за тоа кога новата услуга ќе стане достапна.

    PayPal прво започна да им дозволува на корисниците во САД да купуваат, продаваат и чуваат одредени криптовалути кон крајот на минатата година. Досега PayPal се потпираше на онлајн платформата Paxos за потребната инфраструктура за овие трансакции.

    Можно е тие и понатака да продолжат да соработуваат со Paxos, или со други крипто компании, кои ќе се занимаваат со интеграции со дигитални паричници надвор од платформата.

    Сепак, постои можност PayPal да изгради сопствена инфраструктура со помош на крипто безбедносната компанија Curv, која ја купи на почетокот од оваа година.

    Во последните месеци, извршниот директор на PayPal, Дан Шулман, сфати дека областа на криптовалути е важен дел од деловната активност на компанијата. Тој неодамна рече дека крипто технологиите имаат огромен потенцијал и можат да ги намалат трошоците за трансфер на пари, особено во земјите во развој, како и да ја прошират достапноста на финансиските услуги.

    Се чини дека PayPal има сериозни амбиции да се прошири понатаму на пазарот за криптовалути. Постојат гласини дека компанијата планира да лансира свои стаблекоини, односно дигитална валута чија вредност е врзана за некои декрети на пари или стоки со кои се тргува на берза.

    Претставниците на компанијата не се осврнаа на ова прашање детално, ниту ги негираа гласините, но забележаа дека платформите како PayPal можат да го понудат најдобриот механизам со кој централните банки можат да ги дистрибуираат своите дигитални валути.

    Новата одлука на управата на PayPal доаѓа во време кога побарувачката за крипто услуги е значително поголема од очекуваната.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично