ПОВЕЌЕ

    Павле Гацов: Зошто приходите од ДДВ се помали од очекувањата?

    Време зa читање: 2 минути

    Даночниот експерт Павле Гацов го загатнува, но и дава одговор на прашањето – зошто приходите од ДДВ се помали од очекувањата (планот) за првите девет месеци од 2023 година. Како што посочува во својот статус на „Фејсбук“, постојат неколку важни причини кои годинава, а во однос на 2022, влијаат врз приходите од данокот на додадена вредност. Освен наведените постојат и други причини со негативно дејство.

    Во тој контекст, пишува:

    „Високата минатогодишна база за споредба (трендот на инфлацијата забави во 2023 година); движење на инфлацијата: ланскиот кумулативен раст на трошоците на живот за првите десет месеци изнесуваше 18,4%, додека оваа година растот за првите десет месеци изнесува само 3,3%.

    Минатогодишниот раст на прометот (потрошувачката) имаше подлога во растот на туризмот, дознаките, а влијание имаа и ланските фискални стимулации (ја зголемуваа потрошувачката).

    Влијание имаше и тнр ‘панична потрошувачка’ предизвикана од почетокот на војната во Украина.

    Влијание има и одложеното плаќање на ДДВ при увозот на електрична енергија. Наместо при увозот на струја, ДДВ се плаќа при прометот во земјата. Ова само го одлага моментот на плаќање на данокот.

    Ланските цени на нафтените деривати и цените на електричната енергија беа рекордни (со тоа и основата за пресметување на ДДВ на овие важни ставки беше највисока).

    На нето приходите од ДДВ влијае и повисокиот праг за поврат по мерката мој ДДВ.

    Реалниот пад на трговијата на мало за 1,8% (септември 2023 : септември 2022 година).

    Слабиот раст на БДП за вториот квартал од 2023 година од 1,1% (прв квартал = 2,1%).

    Сивата економија и ефектот од неиздавањето фискални сметки, не се последна причина за помалите приходи од ДДВ, во однос на потенцијалот…“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично