ПОВЕЌЕ

    Малку пари за какао, а многу за чоколадо

    Време зa читање: 2 минути

    Најголемите светски производители на какаото, кое е основна суровина неопходна за производство на чоколадо,  тешко се  погодени од глобалната пандемијата.  Особено лошо е погодено производството во Гана, каде падот на цената на какаото поради кризата, досега ја чинеше земјата  1 милијарда долари. Годишната култура се проценува дека вреди околу 2 милијарди долари, а на плантажите работат над 800 000 рурални семејства.

    Пандемијата ги отежнува плановите на Гана и Брегот на Слоновата Коска, за покачување на цената на какаото од октомври, по нивното приклучување  кон картел сличен на оној на земјите извознички на нафта.

    Повеќе од 60% од светското производство на какао, доаѓа од Гана и Брегот на Слоновата Коска, каде веќе извесно време се преговара за создавање здружение слично на ОПЕК, Организацијата на земји извознички на нафта.

    Производителите на какао често работат во многу лоши услови. На многу места работат и деца. Едно просечно семејство на производители на какао во Брегот на Слоновата коска или во Гана заработува помалку од едно евро на ден. Во 1980-те какаото било многу исплатливо, а до почетокот на новиот милениум цените паднаа вртоглаво.

    Селаните во западна Африка имаат во просек по околу 50 години. Многу млади луѓе сметаат дека нема перспектива во земјоделството поради слабите приходи. Секој петти селанец во Гана е на мислење дека неговите деца ќе продолжат да ја водат неговата какао-плантажа. Помалку селани значат помала жетва, помала понуда, зголемени цени. Најмногу заработува трговијата на мало и државата.

    Согласно студијата на Универзитетот Арканзас: Ако какао-производителите во Гана добијат само 50% повеќе пари, тогаш во земјата би можел да биде комплетно запрен детскиот труд.

    Дознај кои се Топ 5 извозници на чоколадо [ тука ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично