Поразителни се бројките за минатата година за згаснати фирми во земјава. Приближно 7.000 компании или поточно 6.993 ставиле клуч на врата. Во однос на 2020 дури 782 компании згаснале повеќе.
Најмногу фирми, згаснале во секторот трговија, а потоа во преработувачката индуструја, објекти за сместување..
ТОП 5 ДЕЈНОСТИ СО ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ
Дејност | Затворени фирми во 2021 година |
---|---|
Трговија на големо и на мало | 1.836 |
Преработувачка дејност | 732 |
Објекти за сместување и сервисни дејности | 707 |
Други услужни дејности | 503 |
Градежништво | 450 |
ФЕВРУАРИ КОБЕН МЕСЕЦ ЗА КОМПАНИИТЕ
Вообичаено, најмногу фирми, и во 2020-та и во 2021-ва, се затвориле во февруари, бидејќи тогаш Централниот регистар ги брише компаниите што не се активни, во согласност со членот 552 од Законот за трговски друштва. Станува збор за фирми што не доставиле годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година, не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче, или не уплатиле основачки влог во пропишаниот рок. Но, Централниот регистар лани информира дека во првото полугодие од годината, кога се евидентирани затворања на дури 5.022 фирми, покрај вообичаеното годишно бришење на околу 3.000 фирми од нивна страна, зголемена е динамиката на фирми што отишле во стечај или ликвидација.
За жал, податоците и за второто полугодие покажуваат продолжување на трендот на зголемено затворање на фирмите. Така во периодот јули-декември 2020 година згаснале 1.504 форми, а во истиот период од 2021 година -1.971 фирма.
Месец | 2020 | 2021 |
---|---|---|
Јануари | 361 | 216 |
Февруари | 2966 | 3403 |
Март | 854 | 378 |
Април | 162 | 493 |
Мај | 156 | 271 |
Јуни | 208 | 261 |
Јули | 208 | 295 |
Август | 157 | 243 |
Септември | 248 | 281 |
Октомври | 260 | 264 |
Ноември | 267 | 370 |
Декември | 364 | 518 |
ВО КОИ ГРАДОВИ НАЈМНОГУ ФИРМИ СЕ ЗАТВОРИЛЕ?
Во првата петорка на градови каде имало најмногу затворање на фирми се Скопје, Битола, Тетово, Куманово и Гостивар, но во исто време – таму имало и добра динамика на отворање на фирми.
Очекувано, најголем дел од затворените фирми се во Скопје, повеќе од една третина. Прилеп пак, иако е четврти град по големина во државава, не е во правата петорка во која има затворање на фирми. Во Прилеп лани згаснале 254 компнаии.
ТОП 5 ГРАДОВИ СО ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ
Град | Затворени фирми во 2021 |
---|---|
Скопје | 2.430 |
Битола | 397 |
Тетово | 347 |
Куманово | 316 |
Гостивар | 314 |
Кај кои фирми е најактуелно затворањето, може да прочитате во продолжение на анализата на Пари: ,,ПАРИ” ОТКРИВА: Поразителен раст на бројот на затворени фирми лани-близу 7.000
Народната банка објави инфлацијата во јануари од 6,7 проценти е над очекувањето.
,,Придонесот на базичната инфлација (инфлацијата од која е исклучено влијанието на цените на храната и енергенсите) кон растот на ценовното ниво е сѐ уште умерен и стабилен. Оттука, ценовните притисоци и натаму главно произлегуваат од фактори на страната на понудата, поврзани со промените на цените на глобалните пазари и влијанието налацијата пандемијата. Остварената инфлација е над проекцијата, а очекувањата за идната динамика на увозните цени е коригирана во нагорна насока, со што ризиците за проекцијата на инфлацијата на краток рок се нагорни”, велат од Централната банка.
ЛИНК ИНФЛАЦИЈА http://pari.com.mk/narodna-banka-ostvarenata-inflacija/
,,Во услови на COVID – 19 пандемијата постигнат е лимитот на јавениот долг од 60% од Бруто домашниот производ (БДП) и долгот е зголемен за 15 процентни поени. Во Република Северна Македонија и други држави во меѓународни рамки како одговор на здравствено економската криза не секогаш е обезбедено почитување на фискалните правила за управување со јавен долг и дефицит и има зголемување на нивото на јавниот долг”, се вели во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија посветен на јавниот долг.
ЛИНК ЈАВЕН ДОЛГ http://pari.com.mk/javniot-dolg-go-dostigna-nivoto-od-60-p/
Маск во ноември донирал акции во Тесла „тешки“ 5,7 милијарди долари во хуманитарни цели
Елон Маск донираше скоро 6 милијарди долари акции на Tesla во ноември. Најбогатиот човек на светот донираше повеќе од 5 милиони акции на компанијата за електрични автомобили во периодот од 19 до 29 ноември. Ова станува јасно од документите поднесени до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC).
Донацијата дојде во време на спорот на Маск со политичари како Берни Сандерс и Елизабет Ворен околу потенцијалниот данок на богатство. Отприлика во исто време, Маск понуди да продаде акции во Tesla и да ги донира парите доколку Обединетите нации докажат дека тоа ќе помогне да се реши проблемот со гладот во светот, дури и да побара проценки за тоа како ќе се искористат парите.
ЛИНК http://pari.com.mk/mask-donirase-akcii-na-tesla/
ПРОЧИТАЈ И:
Зелените обврзници како инструмент за финансирање на одржлив развој
Интел ќе развива акцелератори за копање криптовалути со „1000 пати подобри перформанси“
Интел го купува Tower Semiconductor, со фабрика во Њупорт Бич, за 5,4 милијарди долари