ПОВЕЌЕ

    ОВИЕ 10 ФИНАНСИСКИ ГИГАНТИ КОНТРОЛИРААТ ПОЛОВИНА ОД СВЕТСКИТЕ НАФТЕНИ РЕЗЕРВИ- а, со тоа и климатските промени!

    Време зa читање: 5 минути

    Десет глобални финансиски гиганти поседуваат речиси половина од несогорените фосилни горива во светот, покажува новото истражување на канадскиот универзитет во Ватерло. Научниците ја анализираа „Carbon Underground 200“ (CU200), база на податоци на најголемите светски компании за јаглен, нафта и гас, за да ги пронајдат најмоќните инвеститори.

    Заеднички, овие енергетски компании поседуваат 98 отсто од познатите резерви на фосилни горива, кои, доколку се согорат, би испуштале 674 гига-тони јаглерод. Тоа е речиси три пати повеќе од глобалните ограничувања за емисиите на CO2 потребни за да го одржиме глобалното затоплување на ниво од 1,5 степени Целзиусови, со цел да се избегнат најразорните влијанија од климатските промени.

    „Поединечно, намалувањето на побарувачката за фосилни горива со возење и помалку летање и исклучување на клима уредот се одлични. Треба да продолжиме да го правиме тоа” вели главниот истражувач Трузаар Дорди. „Без нив, едноставно нема да го имаме она што е потребно за да ги исполниме нашите цели за емисии и да избегнеме катастрофа“.

    Гледајќи ја листата CU200 – составена од фирмата за одржливи инвестиции FFI Solutions – истражувачите открија дека само 10 акционери поседуваат 49,5 отсто од потенцијалните емисии од Сауди Арамко, Ексон Мобил и Бритиш Петрол.

    КОИ СЕ ДЕСЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ?

    Новата студија, објавена во списанието Environmental Innovation and Societal Transitions, открива дека владите и истакнатите американски инвестициски менаџери се меѓу најголемите акционери во фирмите за фосилни горива.

    Во целост, 10-те финансиски институции се:

    1. Blackrock,
    2. Capital Group,
    3. Dimensional Fund Advisors,
    4. Fidelity Investments,
    5. Владата на Индија,
    6. Кралството Саудиска Арабија,
    7. Life Insurance Corporation,
    8. Norges Bank,
    9. State Street и
    10. Vanguard

    Овие акционери имаат огромно влијание врз индустријата за фосилни горива.

    Истражувачите истакнуваат дека индиската влада и кралството Саудиска Арабија го потпишаа Парискиот договор во 2015 година, кој има за цел да не спречи да го поминеме критичниот праг од 1,5 степени Целзиусови.

    Според CU200, врз основа на податоците за емисиите на резервите за компаниите на крајот на 2020 година, Саудиска Арамко има убедливо најголеми резерви на нафта и гас, способни да испуштаат 107 гигатони јаглерод. Следуваше руски Газпром со 38 гигатони CO2, а потоа Роснефт. Coal India е врвна компанија за јаглен, со резерви способни да испуштат речиси 100 гигатони CO2.

    ШТО ЗНАЧИ ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ СИСТЕМИ?

    „Концентрираниот број на инвеститори со потенцијал да влијаат на траекторијата на индустријата за фосилни горива е или проблем или можност, во зависност од тоа како гледате на работите“, вели Дорди. „Позитивната страна е што само мал број ентитети треба да дејствуваат за да ги запрат гигантите од фосилна енергија да ги извлекуваат преостанатите резерви“.

    Истражувачите велат дека овие финансиски актери можат да го вршат своето влијание „со ограничување на пристапот до финансиски капитал или со влијание врз корпоративната стратегија преку активна сопственост“. „Ако се сериозни, пазарите на капитал можат да овозможат транзиција со ниска содржина на јаглерод во рамките на водечките сопственици на резерви на јаглен, нафта и гас во светот“, додава Дорди.

    Тој укажува на неодамнешните ветувања за намалување на изложеноста на јаглерод во инвестициските портфолија како знак дека финансиските фирми се движат во вистинската насока. „Ова ни покажува дека и инвеститорите и владата можат да бидат во првите редови на промените доколку граѓаните и клиентите ги поттикнат да ја декарбонизираат“.

    Но, заклучуваат истражувачите, финансискиот систем веројатно нема да ги направи трансформативните промени кои се потребни за да одговори на климатската криза, освен ако не е „дисциплиниран“ да го стори тоа.

    Извршниот директор на советниците на ФФИ, компанија за градење климатски стратегии, Крис Ито, изјави за Еуроњуз Грин: „Овие фирми можат да играат клучна улога во влијанието на компаниите за фосилни горива да ги префрлат своите деловни модели и да се усогласат со економијата со ниска потрошувачка на јаглерод. Ние веруваме дека овие фирми можат и треба да бидат посилен глас за нивните инвеститори, кои сè повеќе ги препознаваат ризиците и можностите поврзани со нет-зеро целите“.

    НАФТЕНИТЕ КОМПАНИИ ГИ ИГНОРИРААТ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

    Јуроњуз неодамна објави дека најголемите светски нафтени и гасни компании, вклучувајќи ги Шел, Ексон и Газпром, се предвидува да потрошат 857 милијарди евра на нови наоѓалишта на нафта и гас до 2030 година. Ова би можело да порасне на неверојатни 1,4 трилиони евра до 2040 година, се открива во истражувањето на Global Witness и Oil Change International. Сите 20 компании под истрага на две невладини организации тврдат дека ја поддржуваат целта на Парискиот договор за одржување на глобалното затоплување под критичниот праг од 1,5 степени Целзиусови.

    Новата анализа доаѓа само една недела откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го нарече „морално и економско лудило“ да се инвестира во нова нафта и гас.

    Според најновиот извештај на Меѓувладиниот Панел за Климатски Промени (IPCC), новите проекти за нафта и гас ќе го поттурнат светот многу над безбедните граници за глобалното затоплување. Водечките светски научници за климата предупредија дека треба да ја намалиме употребата на фосилни горива за да ги задржиме на повидок целите за емисиите.

    Откако беше објавен извештајот на ОН на 4 април, веќе се одобрени седум нови проекти за нафта и гас. И ова истражување на Global Witness покажува дека најголемите компании за фосилни горива во светот сè уште треба да потрошат милијарди на нови проекти во следната деценија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично